Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

March 25, 2026
1 min read

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и наука.

Локацијата денеска ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, кои од надлежните добија информации за текот и динамиката на градежните работи.

Проектот опфаќа изградба на отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор, со терени за ракомет, кошарка и одбојка, со вкупна површина од 1.311 метри квадратни. Предвидено е поставување тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, додека вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.081 метри квадратни.

Дополнително, ќе се уреди пешачка патека со бехатон на површина од 294 метри квадратни, ќе се асфалтира пристапниот дел до игралиштата, ќе се обезбеди паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување урбана опрема.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.507.414 денари.

Со реализацијата на овој проект, ОУ „Даме Груев“ се приклучува кон училиштата кои добиваат нови и современи спортски терени, во насока на обезбедување подобри услови за спорт и рекреација на учениците.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mickoski: Në Qeveri ka funksionar që nuk e japin maksimumin, nëse nuk përmirësohen do të shkarkohen!

Следно

Барса ги наградува Жерар Мартин и Марк Бернал со нови богати договори

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop