Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

March 24, 2026
1 min read

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.

“Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот, којшто го имаме, јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана Фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени – денес имаме во просек 4 нови институции месечно”, истакна Андоновски.

Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.

“Мојот предлог е и јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција”, дециден е Андоновски.

Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку со секунди.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Следно

Почна наплатата за премин низ Ормутскиот теснец- Техеран заработува милиони

Latest from Blog

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на
Go toTop