„Ракометниот Меси“: Во најтешка група сме, Македонија е на наше ниво!

January 12, 2023
1 min read

Диего Симонет е „ракометниот Меси“ на Аргентина, лидер на „гладијаторите“, кои зацртаа цел пласман во главната фаза на 28-то Светско првенство, иако пред стартот на битките во групата со Холандија, Македонија и фаворитот Норвешка, посочува дека не можеле да добијат – потешка група.

Аргентинците во петок отвораат против Холандија, по што им следува дуелот со Норвешка, која во првото коло утревечер од 20.30 часот игра против Македонија, а последниот меч кој може да биде и решавачки е против избраниците на Кирил Лазаров.

„Јас можам да кажам само дека сме во најтешката група. Со Норвешка како ривал и селекција која е кандидат и за титула и со Холандија и Македонија, селекции кои ако не се на највисоко ниво може да загубите, потешко не може. Холандија и Македонија се наша шанса, селекции од кои може да загубите, ама може и да ги победите. И нема лесен ривал, а во оваа група и со една победа може да не одите понатаму. Јасно е дека наша цел е следната фаза“, вели Симонет

Тој има шест континентални титули со Аргентина откако ја води оваа селекција како лидер на теренот, а на последното СП во Египет пред две години „гладијаторите“ беа 11-ти.

„Одиме од меч во меч, прва е Холандија и треба да се сконцентрираме како да ја победиме. Ова е прв меч, не размислуваме за следните ривали и ќе треба да дадеме сѐ од себе. Холанѓаните се на високо ниво со лидер како Лук Стејн. Норвешка е на врвно ниво, Македонија е некако најизрамнета со нас, на наше ниво. Ама, секој меч ќе биде максимално тежок и ќе бара наше најдобро издание ако сакаме да ги оствариме целите“, додава Аргентинецот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар во Сплит

Следно

21-годишник уапсен во Центар за дрога

Latest from Blog

Проданоски: Преку културни содржини ја чуваме легендата за Крал Марко

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.

Коњановски: Создаваме современи услови за спорт за сите ученици во Битола

Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските игралишта во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, каде што се обновуваат два спортски терени – ракометно игралиште, кое ќе се
Go toTop