Проданоски: Ифтарска средба за граѓаните на Прилеп

March 17, 2026
1 min read

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед.

Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој се градат односите во заедницата. Тој нагласи дека преку вакви средби се испраќа силна порака за важноста на заедништвото и разбирањето меѓу граѓаните.

„Овој настан е уште една потврда дека заедништвото и почитта се нашата најголема сила“, порача градоначалникот.

 

Во пресрет на Рамазан Бајрам, Проданоски упати честитки до сите припадници на исламската вероисповед, посакувајќи им мир, хармонија и благосостојба во секој дом, како и добро здравје, спокој и радост во кругот на најблиските.

Тој додаде дека Општина Прилеп ќе продолжи да работи во насока на градење посветла и поинклузивна иднина за сите граѓани.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mexhiti sonte nis aksionin e madh për pastrimin e Çairit para Fitër Bajramit

Следно

Алкалоид со најсилен раст, а Комерцијална банка со убедливо најголем промет – МБИ10 +0,19%

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop