Screenshot

Божиновска: Ваучери до 28.000 денари за 4.070 ранливи домаќинства за инвертер клими

March 16, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека се објавени списоците на граѓани кои добиле право на ваучер за купување и вградување инвертер клима уред, како дел од мерките за поддршка на ранливите домаќинства.

Според Министерството, право на оваа мерка добиле 4.070 ранливи домаќинства, кои ќе можат да добијат ваучер во вредност до 28.000 денари за набавка на инвертер клима уред со енергетска класа најмалку А+.

Граѓаните кои се на списокот ќе можат да ги подигнат своите ваучери во центрите за социјална работа во општините каде што живеат, во периодот од 18 март до 17 април.

 

По подигнувањето, ваучерот може да се искористи за купување и вградување инвертер клима уред најдоцна до 15 октомври 2026 година, кај компании со кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе склучи договор.

„Оваа мерка има за цел да обезбеди конкретна поддршка за домаќинствата на кои им е најпотребна, да се намалат трошоците за енергија и да се подобри енергетската ефикасност во домовите“, соопшти министерката Божиновска.

Списокот на корисници и деталите за постапката се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. За дополнителни информации, лицата кои се стекнале со право на ваучер можат да се обратат и на телефонските броеви 071-391-187 и 071-391-169 или на електронската адреса [email protected].

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Mucunski-Hoxha: Në përvjetorin e tragjedisë së Koçanit Shqipëria qëndron pranë institucioneve dhe qytetarëve të Maqedonisë së Veriut

Следно

Таре: Лука има отворен договор и за следната сезона, тој сам ќе одлучи

Latest from Blog

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8). „Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу
Go toTop