Стентон Градба со нов објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“

March 9, 2026
1 min read

Градежната компанија Стентон Градба е изведувач на проектот за изградба на нов универзитетски објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, чиј камен темелник беше поставен во петокот, 07.03.2026 година.

Станува збор за капитален зафат од областа на високото образование и градежништвото, кој претставува значајна инвестиција во современа образовна инфраструктура.

Според предвидената проектна документација, вкупната површина опфатена со објектот и партерното уредување изнесува 31.434,14 метри квадратни. Максималната површина за градба на приземје е планирана на 18.860 метри квадратни, додека максималната развиена површина на сите нивоа ќе достигне 113.160 метри квадратни. Објектот е предвидено да биде изграден со катност приземје плус пет ката, што укажува на обемен и функционално комплексен градежен проект.Универзитетот ќе се гради на просторот на поранешната касарна „Илинден“.

 

 

Со овој ангажман, Стентон Градба се јавува како изведувач на проект со значајни технички и организациски барања, кој покрај самата изградба на објектот го опфаќа и партерното уредување како важен сегмент од идниот универзитетски комплекс. Размерот на површината и планираната катност упатуваат на објект што ќе има суштинска улога во развојот на просторните и функционалните капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Од Универзитетот посочуваат дека станува збор за значаен проект што означува нова етапа во развојот на образовната инфраструктура и научната дејност во земјата.

Проектот за новиот универзитетски објект претставува важен чекор кон унапредување на условите за високо образование, а воедно ја истакнува и улогата на домашната градежна оператива во реализација на објекти од големо јавно значење.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Следно

БРЗАТА ПРУГА ТЕМА ВО СВЕТСКА БАНКА – НИКОЛОСКИ СО СРЕДБИ И ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop