Финскиот претседател за влезот во НАТО без Шведска: Ќе беше проблем доколку ја одбиевме Турција

March 19, 2023
1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот најави дека неговата влада ќе го започне процесот на ратификација за Финска, но не и за Шведска

Финскиот претседател Саули Нинисто ја бранеше одлуката на неговата земја да влезе во НАТО одвоено од соседна Шведска, тврдејќи дека одбивањето на Турција да ја ратификува кандидатурата на Финска ќе биде проблематично, пишува денеска германската агенцијаДПА.

„Дали требаше да ја отфрлиме турската ратификација? Тоа звучи малку лудо. Да ѝ кажевме ‘не’ на Анкара, тоа ќе беше многу проблематична ситуација“,

рече Нинисто во интервјуто за шведскиот јавен радиодифузер СВТ.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот најави дека неговата влада ќе го започне процесот на ратификација за Финска, но не и за Шведска.

По децениска неутралност, двете скандинавски земји аплицираа за членство во НАТО минатиот мај по руската инвазија на Украина.

Стокхолм и Хелсинки јасно ставија до знаење дека сакаат заедно да влезат во НАТО. Турција продолжува да го блокира приемот на Шведска поради, како што вели, одбивањето на Шведска да екстрадира 120 лица кои Анкара ги смета за терористи.

Унгарија допрва треба да ја ратификува апликацијата на Финска, а одлуката се очекува на 27 март.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Голем јубилеј: Половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз

Следно

НАТО го поздрави договорот меѓу Србија- Косово

Latest from Blog

Јунајтед одамна не изгледал вака, и Брајтон падна на „Театарот на соништата

Фото: Манчестер Јунајтед Х Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета последователна победа откако дома го совлада Брајтон со 4-2. Резултатот привремено го искачи тимот на четвртото место на табелата, а играта на

Ѓорѓиевски: Во вториот круг одиме уште посилно за историска победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и довербата што му ја укажале во првиот изборен круг. „Денот го завршуваме

Лондонската полиција ја презема потрагата по барателот на азил кој по грешка беше ослободен од затвор

Метрополитенската полиција во Лондон денес соопшти дека ја презема контролата врз потрагата по барателот на азил Хадуш Кебату, етиопски државјанин кој по грешка беше ослободен од затвор во петокот. Кебату беше по

Тие ќе „погодат џекпот“ овој викенд: Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа денес и утре?

Викендот носи блага, но моќна енергија – спој на разум, интуиција и емоции, а за три знаци вистинска магија е на повидок. Викендов, на 25-ти и 26-ти октомври, носи идеален баланс меѓу
Go toTop