Министерството за финансии започнува процес за поврат на средствата од солидарниот данок

February 24, 2026
1 min read

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност.

Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени во согласност со Законот за солидарен данок е почнат. – Донесен е правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во „Службен весник“. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи – информираат од МФ.

Со Законот за данокот на солидарност беа опфатени компании што во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и во согласност со Законот во буџетот во текот на 2023 година беа уплатени речиси 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата што беа уплатени во буџетот по основ на Законот. Врз основа на оваа одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.

 

Извор: МИА

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Пробиштип продолжува со еко-акции

Следно

Коњановски: Продолжуваме со развојот на руралната патна инфраструктура

Latest from Blog

„Л’Екип“ вели: Олисе веќе има донесено одлука да замине во Реал Мадрид

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти

Претседателот на Аргентина одби да отпатува на финалето на Мундијалот поради суеверие: Апсолутно не!

Тоа е аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој потврди дека нема лично да ја бодри својата репрезентација додека се бори за светската титула. Милеи откри дека неговата одлука е донесена од сосема лични

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за

Проданоски: Вечерва започнува 23. Пиво Фестивал – Прилеп ги отвора вратите за посетителите

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека градот е целосно подготвен за почетокот на 23. издание на Пиво Фестивалот, еден од најзначајните туристички и културни настани во земјата. Според него, Општина
Go toTop