Screenshot

Коњановски со порака за Прочка: Простувањето е пат кон љубов и мир

February 22, 2026
1 min read

повод празникот Велики поклади – Прочка, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, упати порака за простување, љубов и духовно издигнување.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека празникот е симбол на простување и помирување, потсетувајќи дека токму преку прошката човекот се издигнува над навредите и недоразбирањата.

„Денес кога небото и простува на земјата, а човек на човека простува, да простиме и да се издигнеме над тие кои повредиле“, порача Коњановски.

 

Тој упати и традиционална порака за прошка до сите граѓани, нагласувајќи дека љубовта и простувањето се највисоките вредности.

„Простете и простено нека Ви биде од мене и од Бога, зошто кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога“, истакна Коњановски.

На крајот од својата порака, тој им го честиташе празникот на граѓаните, посакувајќи здравје, мир и заедништво.

„Нека ни е честит и за многу години празникот Велики поклади – Прочка“, порача градоначалникот на Битола.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска со порака за Прочка: Да отвориме ново поглавје со простување

Следно

Пеп им даде на играчите три дена одмор: Нека се напијат!

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop