Детската поворка ја разубави Прочка 2026 во Прилеп

February 21, 2026
1 min read

По неколкугодишна пауза, денес во Прилеп повторно се одржа Детскиот карневал, како дел од традиционалниот Меѓународен карневал Прочка 2026.

Малите маскирани учесници, исполнети со креативност и радост, ја започнаа својата поворка од дворот на основното училиште „Кочо Рацин“, од каде што продолжија низ прилепската чаршија. Карневалската атмосфера кулминираше на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде децата ги претставија своите маски и настапи пред бројната публика.

Со шаренило од бои, уникатни костими и насмевки, најмладите уште еднаш покажаа дека духот на Прочка живее и се пренесува од генерација на генерација.

 

Детскиот карневал го означи почетокот на годинашното издание на Меѓународниот карневал Прочка 2026, кој и оваа година ветува богата програма и многу посетители.

Видеото може да го погледнете на Инфо Компас

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Насмевките на децата се најубавата најава за Прочка во Прилеп

Следно

Пресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!

Latest from Blog

„Кремљ станува исклучително опасен“

Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства.

Општинскиот штаб за заштита и спасување Прилеп: Спречете пожар пред да биде предоцна

Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и

Тетово избира нови имиња за 60 улици

Тетово избира нови имиња на улици, списокот вклучува над 60 албански, македонски и меѓународни личности По 165 дена без состанок, Комисијата за именување на улици во Тетово вчера го одржа својот прв

Милијарди во рудници низ Европа, македонскиот бакар останува неискористен

Додека европските земји забрзано инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси, Македонија сè уште нема реализирано поголеми нови инвестиции во рударскиот сектор, иако располага со значајни наоѓалишта на бакар и други критични

Голем енергетски чекор: Македонија се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија направи важен чекор кон интеграција во регионалната енергетска инфраструктура, откако НОМАГАС АД Скопје за првпат учествуваше на состанокот на операторите на системите за пренос на природен гас во рамките на проширениот
Go toTop