Проданоски оствари средба со министерката Божиновска: Прилеп пример за одржлив локален развој

February 20, 2026
1 min read

Прилеп мора да биде пример како искористувањето на минералните суровини може да значи реален локален развој, со јасни правила, одговорност и вистинско партнерство. Ова беше клучната порака од работната средба што градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ја оствари со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во енергетскиот и рударскиот сектор, како и за потребата од засилена координација меѓу централната и локалната власт. Посебен акцент беше ставен на улогата на концесионерите во прилепскиот регион и нивната обврска, покрај економската активност, да придонесуваат и за поширок општествен развој.

„Зголемените концесиски активности треба видливо да се одразуваат врз општината – преку нови работни места, економска динамика и приходи што се враќаат назад во заедницата. Економски напредок има само кога правилата важат еднакво за сите“, истакна Проданоски.

Во рамки на посетата беше одржана и средба со најистакнатите концесионери од регионот, на која се отворија прашања поврзани со законската регулатива, исполнувањето на преземените обврски и можностите за нови инвестиции. Заедничката оценка беше дека одржлив развој може да се постигне само преку транспарентност, јасно дефинирани правила и партнерски однос меѓу институциите и стопанството.

Како дел од договорените чекори, беше најавено отворање канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп, со цел поголемо присуство на терен, подобар надзор и зголемена транспарентност во секторот. „Контролата не е пречка за развојот, туку гаранција дека развојот е одржлив и фер“, нагласи градоначалникот.

Со оваа средба, локалната и централната власт испратија порака за координиран пристап кон јакнење на институционалната соработка, но и за јасна определба придобивките од неа директно да ги чувствуваат граѓаните на Прилеп.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски за Press24: 2026 е година на реални промени во Прилеп

Следно

Комерцијална банка со најголем промет – МБИ10 со благ пад од 0,05%

Latest from Blog

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

Вечерва, во 18:30 часот, во Mega Shopping Park во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Од 11 до 13 септември, фестивалот ќе ги обедини локалните вкусови, традицијата, виното

Општина Битола: Отворен конкурсот за највисокото општинско признание „4-ти Ноември“

Наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната

Претседателот на Фенербахче: Лицето кое го фрли шишето е уапсено, Исмаил Картал останува наш тренер! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Fenerbahce/ Синоќа за време на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Фенербахче и Рома се случи тежок инцидент. Имено беше фрлено шише со вода по тренерот на домашните Исмаил Картал. Тој видно

Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во Павлоград

Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера  „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри –
Go toTop