Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

February 2, 2026
1 min read

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тој предупреди дека државата троши огромни суми за судски процес кој може да биде правно неоснован.

Аргументот на Шилегов: Нема „тешки дела“ без директна врска

Шилегов се повика на одлуката на ОЈО ГОКК за истиот кривично-правен настан, каде за седум лица (полицајци) е отфрлена истрагата за „тешки дела против општата сигурност“.

  • Образложение: Таму било утврдено дека нема директна причинско-последична врска за непостапувањето, па затоа тие би можеле да одговараат само за „злоупотреба на службена положба“, дело кое е веќе застарено.

Шилегов смета дека оваа логика треба да се примени и овде:

 

„Од тука укажувам на судот и обвинителството сериозно да го испитате вашиот став и мислење, бидејќи сте контрадикторни… Обвинителството да провери и за дел од обвинетите да го повлече обвинението“, истакна Шилегов.

Судијката Груевска: „Чекаме став од обвинителот“

Судијката Диана Груевска Илиевска потврди дека Судот е запознаен со брифингот и ја побарала одлуката, но нагласи дека судењето мора да тече.

„Судот и те како се интересираше за тој брифинг… но во овој момент додека не се произнесе ова обвинителство тука, ние мора да ја продолжиме постапката“, рече таа.

 

Обвинителот Јанев: „Овде не судиме полицајци“

Обвинителот Борче Јанев веднаш реагираше, отфрлајќи ги наводите на одбраната како преуранети и несоодветни за овој предмет.

  • Немаат увид: Тој посочи дека ОЈО сè уште ги нема на увид одлуките на ОЈО ГОКК.
  • Различни функции: Јанев нагласи дека овој обвинителен акт не опфаќа полициски службеници, туку лица со сосема различни овластувања.
  • Одлуките не се конечни: Обвинителот потсети дека одлуките на ГОКК подлежат на жалби од оштетените и сè уште не се правосилни.

Извор: 4news.mk

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола продолжува да ја поддржува успешната приказна на Оркестарот DIVA

Следно

Божиновска: Инвестиции од 5,7 милијарди евра ќе ја трансформираат енергетиката во 2026

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop