По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

January 31, 2026
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по долгогодишна негрижа за овој исклучително важен комплекс. Акцијата, како што нагласи, е директен одговор на оправданите реакции и забелешки на граѓаните.

„Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено“, порача градоначалникот, додавајќи дека Клиничкиот центар заслужува уредена и пристојна околина.

Во рамки на акцијата се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната и запуштена вегетација, се чистат сливниците, се метат сите јавни површини со специјализирани возила, како и се подига кабастиот и комуналниот отпад. Според најавите, секој дел од комплексот ќе биде уреден со цел Клиничкиот центар да добие лик соодветен на неговото значење.

Ѓорѓиевски потенцираше дека ова не е изолирана интервенција, туку почеток на континуирана грижа, најавувајќи дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина со цел одржување на хигиената и безбедноста во најзначајните јавни простори во градот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Следно

Почина Божидар Симоновски, остави длабока и трајна трага на музичката сцена

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop