Мицкоски и Попов остварија средба со европратеничката и претседател на Младината на ЕПП, Переира

March 17, 2023
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Ѓоргиев потпретседател на УМС,Тодор Конески секретар за меѓународна соработка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како и Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на партијата, остварија средба со европратеничката и претседател на Младината на ЕПП Лидиа Переира.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и генералните политики кои власта ги спроведува за младите.

Претседателот Мицкоски заедно со Попов ја информира европратеничката Переира за проблемот со иселувањето, незадоволство на младите како и отсуството на реформи за младите чиј епилог е масовно чувство на апатија и разочараност.

Мицкоски посочи дека како претседател на најголемата политичка партија во Македонија ја поттикнува младинската соработка на сите полиња, како и потребата од умрежување на младите и креирањето на младинските политики.

Попов како претседател на УМС истакна дека на младите власта треба да им даде поголема улога во креирањето на политиките и дека борбата на УМС е иднина каква заслужува секој млад човек.

Претставниците на партијата укажаа дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведи реформи и политики со кои ќе им се овозможи на младите својата иднина да ја градат во сопствената држава, а не надвор.

Соговорниците се согласија дека ваквиот тип на средби треба да продолжат и во иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа за налогот за апсење на Путин: Русија да одговора за воените злосторства против човештвото во Украина

Следно

Една од омилените плажи во Грција ова лето ќе биде затворена за туристите – ова е причината

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop