Јавна презентација во Општина Пробиштип за поставување на урбана опрема во 2026

January 26, 2026
1 min read

СООПШТЕНИЕ

Почитувани сограѓани,

Општина Пробиштип е во фаза на изработка на Програма за поставување на урбана опрема за 2026 година, со која се уредуваат видовите на урбана опрема, локациите каде што таа ќе се поставува, како и начинот и условите за нејзино поставување, дислоцирање и отстранување.

 

Со цел донесување на квалитетна програма која ќе биде во интерес на сите граѓани и во согласност со важечката законска регулатива, Општина Пробиштип организира Јавна презентација на Предлог-програмата за поставување на урбана опрема.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, институции и правни лица да присуствуваат и активно да се вклучат со свои мислења, предлози и сугестии.

🗓 Јавната расправа ќе се одржи на 27.01.2026 година (вторник)
🕛 почеток во 12:00 часот
📍 Сала за состаноци во Домот на културата „Злетовски Рудар“

Вашето учество е од особено значење за создавање на поубаво, пофункционално и поквалитетно урбано живеење во Општина Пробиштип.

https://probistip.gov.mk/novosti/soopshtenie-programa-za-postavuvane-na-urbana-oprema/

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снежна бура во САД – бројот на жртви расте, прогласена вонредна состојба во 20 држави

Следно

Карик: На самиот почеток сме, но ова е добра стартна позиција

Latest from Blog

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,
Go toTop