До јуни пристигнуваат девет нови возила: Прилеп го модернизира управувањето со отпад

January 24, 2026
1 min read

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија.

Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не го собира претпријатието.

– Собирниот центар за граѓаните, за бизнис секторот ќе значи еден комплекс каде сите самоиницијативно ќе може да донесат различни видови отпад кој не го собира комуналното претпријатие: санитарија, дограма, отпадни гуми, електричен и електронски отпад. Собирниот центар кој ќе се урбанизира е европски принцип на градба, ќе биде по принципот на боксови, контејнери од 5 кубни метри и прес-контејнери – објаснува Лилјана Силјаноска, лице за односи со јавност во ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.

 

Селекцијата е клучна за новата Регионална депонија.

– Кога ќе почне да функционира Регионалната депонија за управување и депонирање на отпадот, комуналното претпријатие ќе плаќа за сиот отпад што таму ќе се транспортира и депонира. Колку отпадот е поселектиран, цената ќе биде пониска и обратно. Затоа е клучна селекцијата. Цените ќе ги одредува Регулаторна комисија -појасни Силјаноска.

Напролет ќе профункционира и Фабриката за селекција на отпадот кај постојната градска депонија. Во државава се потребни повеќе рециклирачки центри за да се откупува отпадот, па да се извезува.

– Сите овие проекти што се во тек или во завршна фаза или реализирани или во форма на техничка документација ќе значи дека општина Прилеп мора да биде подготвена со реализирани и изградени проекти до отворањето на идната Регионална депонија. Да потсетиме, Прилеп ќе има претоварен центар за четирите општини: Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево – вели Силјаноска.

Дневно во Прилеп се собираат 60 до 80 тони отпад, а годишно околу 30.000 тони, а околу 1.000 тони отпаден материјал се продава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче во патриотски „фазон“: Најпредавничката партија во историјата ќе ги спречува „предавствата“ на власта

Следно

Седум мртви, десетици исчезнати – свлечиште затрупа куќи во Индонезија

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop