Коњановски: Културата станува двигател на локалниот идентитет на Битола

January 23, 2026
1 min read

Културата, како клучна компонента на јавниот живот, веќе не е исклучиво домен на централната власт и стана темел за градење на локалниот идентитет и кохезија.

Програмата за култура на Општина Битола за годинава беше дискутирана на тркалезната маса која беше организирана со цел запознавање на јавноста со оваа програма која, како што беше речено ќе донесе освежување на културната понуда во 2026.

 

 

Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски рече дека Општина Битола, препознавајќи го своето богато културно наследство и креативен потенцијал, ја презема одговорноста да ја поттикнува, поддржува и развива културната сцена.

„ Локалната самоуправа, преку своите сектори, општинските и националните културни установи и здруженијата на граѓани, е во непосреден контакт со граѓаните. Програма за култура на Општина Битола има цел да го направи културниот живот во Општината побогат, поразновиден, подинамичен и поквалитетен. Истовремено, културата се третира како развоен потенцијал за културен туризам и локален економски раст“ рече Коњановски.

Предмет на Програмата која се носи секоја година, се сите активности, проекти и манифестации што ќе се реализираат во текот на 2026 година, а кои се од витален интерес за културниот развој на Општина Битола.

Освен традиционалните настани, фестивали и манифестации како што се „Илинденските денови“, фестивалот „Браќа Манаки“, „Битфест“, „Битола отворен град“, „Белата Ноќ“, а и најголемиот зимски фестивал „Зимската приказна“ и други кои ја имаат поддршката од Општината, и во оваа програма акцентот е ставен и на институциите и здруженијата на граѓани од поновата историја, а кои веќе се препознатлив културен белег на градот, кои истовремено ја афирмираат Битола и на домашен и на меѓународен план, како од возрасните, така и од младите уметници.

На тркалезната маса свои обраќања имаа првите луѓе на неколку институции и организации кои се дел од програмата, како што е Камерниот оркестар на Битола, потоа Битолскиот оркестар Дива од каде најавија нови проекти, тука беше и Дувачкиот оркестар, потоа организаторот МКЦ на „Битола отворен град“, Националните установи Битолски народен театар, Центарот за култура и Културниот и информативен центар.

Сите тие се заблагодарија на поддршката што ја добиваат од Општина Битола, но и од меѓусебната соработка.

Општина Битола е транспаретна општина и на својата интернет страница веќе ја има објавено програмата за поддршка на настаните од областа на културата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќерката на Денис Родман стана најплатената фудбалерка во светот

Следно

Средба на Муцунски со турскиот министер Фидан на маргините на Министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop