Screenshot

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА: Од март директен лет Охрид – Братислава

January 16, 2026
1 min read

Од март оваа година ќе започне новата авиолинија Охрид – Братислава, која ќе се реализира преку авиокомпанијата „Визер“. Новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу Република Македонија и Република Словачка, како и за зајакнување на туристичката и бизнис соработката меѓу двете земји.

Ова беше соопштено по средбата со Ивета Хрицова, новата амбасадорка на Република Словачка. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека воспоставувањето на директна авионска врска со Братислава е значаен чекор за развој на туризмот, олеснување на деловните контакти и зголемување на економската размена.

Според него, Охрид како туристички центар добива дополнителен потенцијал за привлекување гости од Централна Европа, додека новата линија ќе создаде и нови можности за соработка меѓу компаниите од двете држави.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, МБИ10 со пад од 0,43%

Следно

„ЗЕТ“ генерацијата сè помалку готви – времето и уморот главни виновници

Latest from Blog

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop