Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

January 15, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи, стручни и долгорочни политики во секторот енергетика и рударство.

Во тој контекст, денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Технолошко-металуршки факултет, со што се воспоставува институционална рамка за продлабочена и системска соработка во области од заеднички интерес. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет проф. д-р Игор Јорданов.

Соработката со Технолошко-металуршкиот факултет има особено значење во контекст на секторот рударство и управувањето со минералните суровини, имајќи ја предвид експертизата, научно-истражувачкиот капацитет и долгогодишната улога на Факултетот во едукацијата на стручен кадар и развојот на применети решенија во областа на металургијата, материјалите и индустриските процеси.

-Рударството не смее да се води импровизирано. Одлуките мора да се темелат на наука, експертиза и податоци. Соработката со Технолошко-металуршкиот факултет ни овозможува директна врска меѓу институциите и знаењето што се создава во академската заедница – знаење што е неопходно за одговорно управување со минералните суровини и за долгорочен развој на секторот, истакна министерката Божиновска.

Со Меморандумот се предвидува соработка преку заеднички студентски и апликативни проекти, експертска и научна поддршка, организирање обуки, работилници и конференции, формирање експертски тимови, како и размена на знаења и искуства релевантни за современото, одговорно и одржливо управување со рударските ресурси. Посебен акцент ќе биде ставен на можноста студентите и идните експерти одблизу да се запознаат со работата на министерството преку практикантска настава.

Министерството ја препознава академската заедница како суштински партнер во унапредувањето на квалитетот на јавните политики, особено во чувствителни и стратешки сектори како што се рударството и минералните суровини, каде што одлуките мора да бидат темелени на наука, податоци и стручна анализа.

Потпишувањето на овој Меморандум е дел од пошироката стратегија на Министерството за институционално поврзување со високообразовните и научните установи. Досега, Министерството има склучено меморандуми за соработка и со Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), како и со факултети во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел создавање мрежа на знаење, експертиза и поддршка за развој на секторот.

Со ова, Министерството испраќа јасна порака дека реформите, развојот и стабилноста во енергетиката и рударството се градат со партнерство, знаење и институционална одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хајрулахи: Атакот врз мене е поради тоа што Тополова Исајловска се смета за загрозена по најавата дека размислувам да се кандидирам за Републички јавен обвинител

Следно

Протести и погреби во Техеран – Иран бара дипломатија, Трамп: Егзекуциите се запрени

Latest from Blog

Меџити: 20 години без решение за правосудниот испит, сега критиките на ДУИ се залудни

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, реагираше на критиките на ДУИ во врска со прашањето за правосудниот

Коњановски: Инфраструктурните проекти се двигател на економијата во Пелагонија

Во Битола се одржа состанок на Управните одбори на регионалните стопански комори од Битола и Прилеп, на кој во фокус беше ставено унапредувањето на инфраструктурното поврзување како основа за економски раст на

Меџити најави подобрување на инфраструктурата: Почнува реконструкцијата на „Дижон 15“

Општина Чаир започна нов инфраструктурен проект на улицата „Дижон 15“, со кој ќе се интервенира во водоводната и фекалната канализациска мрежа, соопшти градоначалникот Изет Меџити при увид на терен. Проектот предвидува целосна
Go toTop