Со печат до илјадници евра – афера што го тресе Центарот за социјални работи во Тетово

January 15, 2026
1 min read

Додека Центарот за социјални работи Тетово е потресен од сериозен скандал со незаконско доделување социјални пензии, туѓа нега и надоместоци за попреченост, досега во касата на институцијата се вратени 120 илјади евра кои биле исплатени на лица што не ги исполнувале законските услови. Дел од тие исплати биле реализирани преку фалсификувани документи и злоупотреба на службени шифри и печати, откриваат информации од Обвинителството и од истрагите што се водат.

Во 2025 година Основното јавно обвинителство Тетово поднело кривична пријава против шестмина вработени во Центарот. Двајца од нив се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а судската постапка против нив сѐ уште е во тек. За четворица други, обвинителството утврдило дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“, но откако признале вина и ја надоместиле штетата, против нив не било поведено класично кривично гонење. Тие, преку спогодби со обвинителството, платиле парични казни од по 18 илјади денари во корист на буџетот.

Иако пријавите се поднесени минатата година, случаите се однесуваат на периодот од 2022 година. Според наодите, раководител во Центарот ја давал својата службена шифра на други вработени, социјален работник исто така ја „позајмувал“ својата, а трет вработен дозволувал користење на службениот печат, иако тој единствено бил одговорен за него. Токму печатот ја разоткрил незаконитоста, откако бил ставен на фалсификуван документ со кој едно лице добило право на социјална пензија што му била исплатена ретроактивно, во еден наврат, во износ од неколку илјади евра.

 

Бидејќи корисникот ги вратил средствата, а обвинителството оценило дека делото е сторено од небрежност, за овој случај не било побарано кривично гонење. Сепак, според извори на „Слободен печат“, се проверуваат и други предмети во кои документи од Клиничката болница Тетово, издадени со негативно мислење, биле преправани во позитивни за да се овозможи користење социјални права во Центарот. Болницата и претходно беше поврзувана со слични скандали со лажни медицински извештаи.

Директорката на ЦСР Тетово, Магдалена Веселиноска, вели дека по нејзиното доаѓање започнала расчистување на злоупотребите, но и дека поради тоа е изложена на притисоци и хајка. Таа потврдува дека уште пред нејзиното именување Министерството за труд и социјална политика поднело пријава до Финансиската полиција за злоупотреби со социјалните пензии, а таа дополнително открила незаконитости кај ретроактивните исплати, туѓата нега и надоместоците за попреченост.

Според неа, злоупотребени се буџетски средства и токму поради тоа се поведени кривичните постапки што моментално ги водат надлежните институции. Истражните органи, како што вели, и натаму работат на утврдување на целосниот обем на злоупотребите во Центарот за социјални работи Тетово.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен Печат

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Следно

Сакаше да се откаже од фудбалот на 23 години, па на 32 го урна Реал (М)

Latest from Blog

Меџити: 20 години без решение за правосудниот испит, сега критиките на ДУИ се залудни

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, реагираше на критиките на ДУИ во врска со прашањето за правосудниот

Коњановски: Инфраструктурните проекти се двигател на економијата во Пелагонија

Во Битола се одржа состанок на Управните одбори на регионалните стопански комори од Битола и Прилеп, на кој во фокус беше ставено унапредувањето на инфраструктурното поврзување како основа за економски раст на

Меџити најави подобрување на инфраструктурата: Почнува реконструкцијата на „Дижон 15“

Општина Чаир започна нов инфраструктурен проект на улицата „Дижон 15“, со кој ќе се интервенира во водоводната и фекалната канализациска мрежа, соопшти градоначалникот Изет Меџити при увид на терен. Проектот предвидува целосна
Go toTop