Screenshot

Францускиот град Епинал ја претставува Битола во своето јануарско издание

January 9, 2026
1 min read

Голема е традицијата на соработка на Битола со францускиот град Епинал, двата града збратимени уште во 1968 година.
Во празничното јануарско издание на oпштинскиот магазин на францускиот град Епинал „Дестинација Епинал“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека збратимувањето помеѓу битолчани и Епинал не е само едноставен симбол или протокол – тоа е живо пријателство, длабоко вкоренето во историјата.

„Оваа соработка, која трае повеќе од половина век, нè обединува преку културата, образованието, економијата и урбанистичкото планирање. Ние пишуваме приказна заедно, низ генерациите, улиците и граѓаните, кои веруваат дека Европа е изградена на овој начин: преку близина, доверба и постојана желба да се учи еден од друг“, вели меѓу другото градоначалникот Коњановски.

Понатаму истакнува Коњановски, благодарение на ова партнерство, македонската култура се промовира во Франција, додека француската културна естетика останува присутна во нашата земја. Исто така зборува и за образовната соработка, размена помеѓу средните училишта и „Еразмус+“ програмата.
Како што е познато делегации од двата града присуствуваат на нивните официјални празници „4 Ноември“ во Битолa и „Денот на Свети Никола“ во Епинал.

„Ова се денови на прослава, но и на конкретно зближување, на споделување искуства и нови иницијативи насочени кон обезбедување ново ниво на квалитет во нашето збратимување. И таму се раѓаат идеите за концерт, изложба, претстава, натпревар, турнир, проект за млади луѓе, во Битолa, како и во Епинал.
Разменуваме идеи на оваа тема и црпиме инспирација од она што се прави во Епинал. Имплементираме велосипедски патеки во центарот на градот за да промовираме мека мобилност и да го подобриме градското патување. Понатаму, создадено е меѓуопштинско јавно претпријатие за еколошки транспорт за поврзување на битолчани со соседните општини, а со тоа и намалување на загадувањето. Нашата цел е да го разгориме ентузијазмот кај помладите генерации и да создадеме нови простори за соработка, особено во областите на дигиталната култура, еколошките иновации и уметничките резиденции. Во развој е еден проект кој ќе започне во Битола, а потоа ќе продолжи во Епинал, со што ќе се поттикне креативната мобилност на уметниците од двете земји“, вели градоначалникот на Битола, за празничното општинско издание на магазинот на францускиот град Епинал.

Инаку клучниот момент во ова партнерство беше отворањето на францускиот почесен конзулат во Битола во 1996 година, а за почесен конзул именувана Калиопа Кривашија- Стилиновиќ.

Во текстот се претставени и други личности кои придонеле на еден или друг начин за одржување на врските меѓу двата града.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Славески: Пред нас е година на раст, стабилност и пониска инфлација

Следно

СЕСТРАТА НА СТИВЕН ИВАНОВСКИ ИЗЛЕГЛА НА ВОЗДУХ И СЕ СПАСИЛА: Семејството бара донации за погребални трошоци по смртта на тинејџерот во Кран-Монтана

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот
Go toTop