Вработените во Брзата помош во Велика Британија повторно штрајкуваат, решение не е на повидок

January 11, 2023
1 min read

Околу 25.000 вработени во Итната медицинска помош излегоа денеска на улиците на Велика Британија поради ниските плати и недостигот на работна сила во тој сектор.

Во штрајкот учествуваат болничари, возачи и луѓе кои одговараат на повиците. Тоа е втор протест на работниците во Брзата помош од средината на декември.

Претставниците на синдикатот тврдат дека платите на некои здравствени работници, вклучително и возачи и луѓе кои одговараат на повици, може да бидат под минималната плата.

– Кога не обвинуваат дека ги загрозуваме граѓаните, одговарам дека оваа власт ги загрози граѓаните со тоа што постојано одбиваше да разговара со нас. Ништо не ни нудат, изјави првиот човек на синдикатот „Унисон“, Кристина Меканеа.

Владините претставници во понеделникот се сретнаа со синдикалните претставници, но не беше постигнат договор, а решение не е на повидок.

На недостиг на работна сила и прекумерна работа се жалат и вработените во итните служби.

Според нивните тврдења, ваквата состојба е последица на недоволната државна поддршка и претходните финансиски кратења во тој сектор, а улога во тоа има и недостигот на странски работници поради Брегзит.

Британската Влада во последно време се соочува со бран штрајкови на вработените во јавниот сектор – медицинските сестри, машиновозачите, возачите на автобуси и работниците во поштата, како и работниците во Брзата помош.

Платите во јавниот сектор во Британија не ја следат двоцифрената инфлација, која беше 10,7 отсто во ноември 2022 година, ниту големиот пораст на трошоците за живот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 1 200 лица се соочуваат со обвиненија поради учество во немирите во Бразил 

Следно

Ахмети оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Latest from Blog

Делчевскиот Мото клуб „Ендуро Тим“ со прва хуманитарна акција за празниците

Акцијата беше реализирана во Црквенец кај делчевското село Ветрен во домот на шестчлено семејство, а донацијата се состоеше од облека, храна, производи за домаќинството и училишен прибор. Претседателот на клубот Виктор Стојановски истакна

„Јорганџиите“ се во криза: Пораз и на гостувањето во Билбао

фото: Atlético de Madrid (X) Фудбалерите на Атлетико Мадрид го продолжија лошиот почеток на декември со втор последователен пораз во шпанското првенство. Само четири дена по поразот од Барселона, „јорганџиите“ останаа без

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од партискиот конгрес јасно ја потврдува насоката и визијата на партиското раководство. Фетаи

Аеродромот во Вилнус повторно затворен

Аеродромот во Вилнус вечерва беше привремено затворен по откривањето на шверц на балони од територијата на Белорусија, соопшти Националниот центар за управување со кризи. „Поради хибридниот напад извршен од Белорусија… и за
Go toTop