Героски: Стара плоча, нови будали во СДСМ – разоткриени се!

December 29, 2025
5 mins read

Многу време и труд трошам на едуцирање на луѓето од Штабот на будалите на СДСМ. Така ја викам групата која му ја смислува пи-ар стратегијата на Венко Филипче, која ги пишува наративите и соопштенијата со кои оваа партија во распаѓање комуницира со јавноста.

Не го жалам трудот, но гледам, нема ефект … Се надевам дека една друга работна група од Бихаќка, задолжена да го подготвува конгресот, работи малку повешто и посериозно. Вчера го дознав името на таа група. Нормално, името е во стилот на нивните смешни и глупави кратенки, како АКТ, МИЦКО и другите. Не знам дали се свесни дека тоа е стилот на Русија на Ленин и на Сталин, кога нивните институции добиваат такви смешни абревијации (како СОВНАРКОМ, на пример – Совет на народните комесари), пишува Бранко Героски за ПЛУСИНФО.

Изгледа големи очекувања имам од неписмени луѓе …

Штабот на будалите во делириум

Нејсе, вчера дознав дека групата за подготовка на конгресот на СДСМ се вика НАРКО. Кратенката доаѓа од зборовите „НАпредок“, „Реформи“ и „КОнсолидација“. Замислата, значи, е конгресот да помине во хај атмосфера и во победничка еуфорија. Веќе сега се создаваат условите за тоа. Се води кампањата на збунетост, возбуда, страв, непријателство и растројства на воспримање (халуцинации). Тој психосиндром е познат како делириум.

Елем … Во таква состојба на делириум, Штабот на будалите ме препознава како „координатор на сите медиумски напади против СДСМ“. Така напишале во едно од последните соопштенија. Тоа е сериозна „функција“. Тоа препознавање јасно покажува дека Бихаќка мене ми ја доделила улогата на свој на алфа-противник.

Тука сепак морам повторно да се посветам на едуицирање на Смиљан или Фиљан, како и да се вика авторот на соопштенијата од Штабот на будалите. Типот тврди дека јас самиот сум велел дека сум „алфа анти-СДСМ“. Тоа покажува дека прилично необразованиот „писател“ не го разбира поимот алфа како највисок ранг во социјалната заедница на животните (и човекот е животно, нели, освен тоа е и политичко животно). Имено, алфа е статус на супериорност којшто се стекнува во моментот кога другите членови на заедницата изразуваат симболични знаци на почит кон својот противник со кого се бореле за превласт. Така се станува алфа-противник. Не може човек сам себеси да се прогласи за алфа. Тоа треба да го стори некој друг. Како што Штабот на будалите мене ме нарекува „координатор на сите медиумски напади кон СДСМ“.

Дали е тоа вистина, тоа веќе е сосема друго прашање. Пропагандистите на СДСМ по дифолт се скарани со вистината. Но, вистина е дека Штабот на будалите ме перципира како таков противник.

Клучен услов, пак, јас да почнам пиарчиите на Бихаќка и во нивната белградска испостава да ги земам за сериозно, да не ги навредувам повеќе и да им укажувам некаква почит, е тие да почнат малку да работат, да истражуваат, да смислат нешто паметно, па нека е тоа насочено и против мене. А не во оваа комична и самокомпромитирачка кампања да рециклираат само стари лажни приказни, непроверени имформации, класични измислици и простачки информерски навреди.

Разоткриени сме, у пиќку матер!

Како онаа „продадоа вера за вечера“. Па уште напишале: „како што вели нашиот народ“. Абе шапшали, вашиот српски (нам братски) народ навистина го употребува тој израз, но нашиот македонски народ, сепак, не. Имаме ние други, македонски изрази за смислата на таа српска реченица.

Или, оној смешен восклик, после секое нивно глупандерско соопштение – разоткрени се!

Јас, да ви кажам право, после секое прочитано соопштение на СДСМ, кога ќе дојдам до тој дел, се стресувам, поединечно им се јавувам на сите што ги „координирам“ во „медиумските напади кон СДСМ“ и нервозно им велам:

„Разоткриени сме, у пиќку матер!“

Хахаха!

Добро бре, толку ли не сфаќате дека овој восклик звучи баш онака информерски глупо?!

Кога ќе ги запукам ко што знам, плачипичат по ЗНМ

Што се однесува до клеветничката кампања кон мене лично – „координаторот“, нели – таа открива колку се луѓето во Штабот на будалите неинформирани и мрзеливи и колку се неспособни чесно да си ги заработат парите. Ми измислија станови што ги немам (уште си го барам оној стан во Белград што ми го измислија, тој не го давам никому, особено ако е во комплексот Београд на води), ми измислија банкарска сметка што ја немам, ми измислија лажна приказна за „Слободен печат“ и за „Курир“ што им ја растурив „ко беба звечку“ (ова е српски, да нема забуна), ме „почестија“ со неверојатно груби навреди … А кога јас ќе ги запукам ко што знам да запукам, веднаш почнуваат да плачипичат и да бараат заштита од ЗНМ.

Не можат да се помират што мојата прецизна лингвистичка и содржинска анализа на нивната јавна комуникација во информерски стил, упатува на единствениот заклучок – дека оваа кампања на СДСМ е креирана во нивниот „српски свет“, попрецизно во грдиот дел од тој свет.

Разоткриени се, бе!

Хахаха!

Старата лажна вест „Геро и Живаљевиќ“ пак во оптек

Вчера, пред да замине од Венеција во непознат правец – не е ли природно што прво помисливме на Дубаи, па џабе ли златна виза има човекот? – изгледа дека шефот Филипче ги искарал будалите и им наложил по секоја цена да најдат за мене компромитирачка приказна што држи. А тие, наместо да се потрудат, или во најмала рака да ми се јават (би им учинил, што па да не), седнале, извадиле од креденците од Зоќе стара плоча и сега ја вртат како нов компромат.

Стара плоча, нови будали!

Да биде бељата поголема, станува збор за една стара лажна приказна, со која во 2019 година се посрамоти порталот Фронтлајн, кој во тоа време водеше камања против мене, бранејќи ја Катица Јанева и другите актери во аферата „Рекет“. Е сега, Штабот на будалите ја нашол таа лажна приказна, не го дочитале до крај текстот на Фронтлајн и во соопштение на СДСМ надробиле:

„… Во Македонија сите паметат дека имињата на контроверзниот српски разузнавач Живаљевиќ и на новинарот Героски се многу добро познати. Првиот по присуството во немилите настани од 27 април и упадот во Собранието, а вториот – Геро – по тоа што токму тој му изнајмувал стан. Дали е случајност што во неговиот стан имало агент на БИА во време кога се случуваа настаните во Собранието? Има ли тоа врска со СНС?“

Хахаха!

Не бе, шапшали, тоа има врска само со недостигот на мозочни ќелии … ај тоа ќе ви го објасни шефот Филипче. Да не претерам со едукативниот момент.

Оваа лажна вест е демантирана и демонтирана уште во тој текст на Фронтлајн и во мој одговор на Плусинфо. Ќе повторам:

Да, Горан Живаљевиќ, како официјален претставник на српските безбедносни служби со дипломатски статус во Македонија, беше мој потстанар од 2008 до 2014 година. Како што биле и други дипломати и странци. Но, најмалку три години пред настаните од 27 април 2017 година, Живаљевиќ замина на служба во Загреб и го напушти мојот стан. По неговото повторно враќање во Македонија, човекот си најде друг стан. Од тогаш до неговото заминување, односно протерување, а ни потоа, го немам видено. Тоа е вистината. Во таа 2017 година, Живаљевиќ не е мој потстанар. Дури и да бил, тоа не би значело ама баш ништо. Но, вистината е дека тогаш сепак – не бил мој потстанар.

Другарчиња, ве чекам на нишан!

Ете, тоа е вистината. СДСМ пак лаже. И сега, што треба јас да правам? И јас да плачипичам и да го викам ЗНМ напомош?!

Не бе, другарчиња. Само упорно ќе ви повторувам дека сте – будали бре!

Веќе ви порачав на Фејсбук, спремно и желно го очекувам секое ваше глупандерско соопштение или изјава, во која ќе се осмелите да ме нападнете!

Ве чекам на нишан!

Разоткриени сте!

Хахаха!

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски ги демантира тврдењата на опозицијата: Нема мигранти во Битола

Следно

Зошто патничките авиони се бели?

Latest from Blog

Кому ќе му припадне богатството на Брижит Бардо- единствениот син не е ниту споменат во тестаментот

Во 1960-тите, таа беше една од најплатените актерки во светот, а за нејзината улога во „Вива Марија“ доби 350.000 долари, пишува Новости. Нејзината автобиографија „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, ѝ донесе

ВОЛЧЈАТА МЕСЕЧИНА ГО ОЗНАЧУВА ПОЧЕТОКОТ НА 2026 Време е за емоционално ослободување

На самиот почеток на 2026 година, веќе на 3 јануари, нè очекува силна лунарна појава – Полна Месечина во знакот Рак, позната и како „Волчја Месечина“. Оваа лунација традиционално се поврзува со

Општина Чаир – пример за солидарност и грижа за лицата со попреченост

Општина Чаир уште еднаш покажа дека солидарноста и човечноста се дел од нејзините основни вредности, особено во деновите кога годината се приближува кон својот крај и вниманието кон најранливите добива посебно значење.

Една милијарда евра од меѓународните пазари за стабилност на јавните финансии

Македонија следната година планира издавање еврообврзница на меѓународниот финансиски пазар во вкупен износ од една милијарда евра, која ќе биде поделена на два дела од по 500 милиони евра со различен рок
Go toTop