Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

December 28, 2025
3 mins read

Евтини играчки од пластика што содржи опасни хемикалии и предизвикува хормонални нарушувања или иритации на кожата, разни кадифени животни и токсични балони се само некои од играчките кои според правилата на ЕУ претставуваат ризик за безбедноста на децата и нивната продажба е забранета во Унијата.

ЕУ во 2025 година ја ревидираше својата Регулатива за безбедност на играчките, со цел, како што образложи Европската комисија, да ги направи детските играчки помалку опасни и побезбедни од кога било досега.

Врз основа на овој законски акт до 2030 година, сите играчки ќе мора да имаат проценки за ризиците по безбедноста, вклучително и за потенцијалните ефекти врз менталното здравје на децата.

Но, сепак, во оваа регулатива само нејасно се споменуваат играчките со новата технологија која во последниве години се повеќе се применува во детските ирачки – вештачката интелигенција. Образложението за ова беше дека ЕУ веќе има Законот за вештачка интелигенција, со кој се регулираат и прашањата за ризиците. Со тој закон, компаниите се должни „да ги минимизираат ризиците што би можеле да ги претставуваат нивните производи, особено за децата“.

Така, на полиците во продавниците за играчки во ЕУ можат да се најдат бројни роботи или кадифени играчки во кои се интегрирани функции на вештачка интелигенција, како што е можноста за интеракција со околината или за водење разговори што далеку ги надминуваат куклите од минатото кои говореа само неколку снимени реплики.

Најново во тој спектар е мечето Кума, произведено од сингапурската компанија „ФолоТој“. Станува збор за играчка во форма на мече со вештачка интелигенција кое може да комуницира и да води разговори со децата.

Алармот беше активиран по неколкуте откритија дека Кума ги „наведува децата на непристоен разговор со експлицитна сексуална конотација“.

По ова сингапурската компанија во ноември накусо ја запре продажбата, но Кума набрзо одново се најде на полиците со играчки, вклучително и во ЕУ.

– Во играњето улоги на наставник и ученик, удирањето може да додаде малку возбуда на неколку забавни и разиграни начини, се вели, меѓу другото во упатството за Кума.

Појавата на пазарот на вакви играчки се припишува на недостигот на стандарди со некои специфични правила, околу кои има поделени мислења и контроверзи. Комисијата неодамна предложи целосно одлагање на правилата за вештачка интелигенција од висок ризик и доколку предлогот биде прифатен тогаш би биле замрзнати сеопфатните барања за вештачка интелигенција за производителите на играчки.

И додека користењето на вештачката интелигенција во Регулативата за безбедност на играчките е само патем опфатено, во неа значителен дел се посветува на материјалите што се користат во производството на пластиката што се применува во детските играчки, со посебен акцент на ризиците по здравјето на децата.

Така, со ревидираната Регулатива досега постоечката забрана за користење на канцерогени материјали за производство на играчки, е проширена и со забрана на други токсични супстанции, суровини што може да го нарушат ендокриниот систем, како и на високо перзистентни синтетички хемикалии кои се акумулираат и предизвикаат штета во човечкото тело.

Едно од клучните прашања околу кои се кршеа копјата при усвојувањето на измените на регулативата беше користењето на некои соединенија при производството на детските балони, како нитрозамините, кои може да предизвикаат рак.

Индустријата за производство на балони жестоко се бореше против строгите ограничувања на дозволените нивоа на одредени соединенија утврдени со Регулативата за безбедност на играчките. Производителите тврдеа дека „премногу строгите ограничувања“ ќе доведат до лесно пукање на балоните, како и дека хемикалиите се нуспроизвод во самиот производствен процес. Така, во конечната верзија на Регултивата, беа направени отстапки во нивото на ограничувањата во полза на производителите

Генералниот директор на Европскиот совет за балони и забави, Сутиш Чамбер изјави дека канцерогените материи не се „додаваат намерно“ во балоните, туку тие самите „формираат траги“ за време на процесот на производство.

– Првичните предлози бараа толку ниски ограничувања, што дури и безбедните и целосно усогласени производи не ќе можеа да останат на пазарот, изјави Чамбер.

Според него, невозможно е целосно отстарнување на штетните хемикалии од балоните, па затоа се предлага „да се инвестира во пумпи за дување балони, бидејќи тие не се наменети за во уста“.

Друго прашање на кое особено реагираше европската индустрија на играчки беше влијанието на онлајн пазарот. Тие тврдеа дека одговорноста за небезбедни играчки не е на нив, туку на бумот на евтини играчки што влегуваат во ЕУ од Кина преку онлајн пазари како АлиЕкспрес, Тему или Шиен.

Неодамнешното истражување организацијата Индустрија за играчки на Европа (ТИЕ) покажува дека 96 од вака увезените играчки во ЕУ не ги исполнуваат стандардите на Унијата.

– Пронајдовме остатоци од опасни хемикалии, нивни покачени нивоа, особено на бор во еден случај, изјави директорот на ТИЕ, Ларс Вогт.

Според него, утврдени се и играчките со лесно достапни мали батерии и бебешките ѕвончиња што би можеле да се одвојат и претставуваат потенцијална опасност од нивно голтање и задушување на децата.

Во Европскиот парламент е покрената иницијатива за формирање ново тело на ЕУ за справување со проблемот со онлајн увозот на играчки, но европратениците не успеаја да ја завршат целата постапка до овогодишната жетва божиќни играчки. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едноставно Емери е генијалец: Дали е ова најдобрата измена во историјата на ПЛ?!

Следно

Скандал зад бајковитата свадба на ќерката на Ремзи: „На мајка ѝ предизвикавте толкава болка што НЕЈЗИНАТА ДУША ВРЕСКА“

Latest from Blog

Русија објави дека зазела шест населени места во југоисточна Украина

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека руските трупи ја презеле контролата врз четири населби во Донецк и две населби во Запорожјето во југоисточна Украина. Во соопштението се наведува дека руските

Хрватска склопува нов договор со Косово и Албанија – ЌЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ОКЛОПНО ВОЗИЛО (ВИДЕО)

Косово планира да започне локално производство на албанското оклопно возило „Шота“ во соработка со Албанија и Хрватска, што, според официјалните лица, би бил првиот заеднички проект за производство на оклопни возила на

Манасиевски: СДС уште еднаш потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, Филипче треба да одговори како стигнал до златна виза за Дубаи

Одговор: Да, го видовме тоа соопштение. Прво демантираме било какви измислици и лажни вести од страна на СДС. Но, би сакал во истото тоа соопштение да цитирам еден пасус, којшто е навистина многу

Скандал зад бајковитата свадба на ќерката на Ремзи: „На мајка ѝ предизвикавте толкава болка што НЕЈЗИНАТА ДУША ВРЕСКА“

Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач Гордон Ремзи, се омажи за олимпискиот пливач Адам Пити, но зад сцената на прекрасната свадба има раскол во семејството. Зад раскошната свадба на двојката стои семејна
Go toTop