Едноставно Емери е генијалец: Дали е ова најдобрата измена во историјата на ПЛ?!

December 28, 2025
1 min read
ФОТО: Aston Villa FC/FB

Што значи еден потег, еден фудбалер или една измена во фудбалот. Тоа најдобро се виде на мечот Челзи – Астон Вила. Се до 60.минута гостите беа во ногдаун, губеа со 1:0 а тогаш дојде потегот на тактичкиот генијалец Унаи Емери и ја направи веројатно најдобрата измена во историјата на Премиерлигата. Во игрта го внесе Оли Воткинс. Следуваше вистинска рапсодија и победа на Вила со 1:2.

Оли Воткинс беше херој – постигна два гола, во она што стручниот коментар на „Скај Спортс“, Џејми Реднап, го нарече „едно од најголемите влијанија што доаѓа од клупата во историјата на Премиерлигата.
„Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери.

„Тој го промени тоа затоа што Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен чувар кога игравме со долги топки. Кога влегов во игра, тој ги стави Џејдон и Морган Роџерс на крилата и го премести Јури на позицијата број десет, па имавме повеќе играчи таму. Тој е тактички гениј“. Тоа беше 11-та победа по ред на Вила во сите натпреварувања (клупски рекорд), осма во Премиер лигата.
„Не баш“, рече Емери кога го прашаа дали верува дека Астон Вила може да ја освои титулата.
„Имам чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Одигравме 18 натпревари, а ни остануваат уште 20. Тимови како Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед – мора да се натпреваруваме со нив. Мора да бидеме конзистентни во текот на 38-те кола“.

Следниот меч е со Арсенал:

„Тој натпревар ќе биде многу тежок. На Емирати, тие се исклучително силни. Следниот предизвик е најголемиот предизвик што нè чека, бидејќи тие во моментов се најдобриот тим во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Но, имаме многу добри играчи и се обидувам да поставувам високи барања во сè. Секој натпревар е предизвик, а гостинските натпревари се уште поголем предизвик. Секако, тие се фаворити“, заклучува Емери.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАСОВНО, за цело село…

Следно

Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

Latest from Blog

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос
Go toTop