Костовски: ДУИ и ВЛЕН во Бутел гласаа против изградбата и развојот на општината

December 27, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, остро реагираше по, како што вели, гласањето против развојните проекти од страна на советниците на ДУИ и ВЛЕН во Советот на Општина Бутел. Според Костовски, станува збор за конкретни проекти кои директно влијаат врз подобрувањето на животот на граѓаните, особено во населбите каде што живеат граѓани од албанска етничка припадност.

Меѓу проектите за кои, според него, било гласано против се: изградба на нова детска градинка во Бутел 2, инвестиции во водоводната мрежа во Љуботен, околу еден милион евра инвестиции во населбата Скопје Север, реновирање на фасадата на основното училиште „Петар Здравсковски Пенко“, изградба на нови улици во Љуботен и Визбегово, како и изградба на нов спортски центар во Бутел 1.

Костовски истакнува дека опозициските советници гласале против и социјалните мерки, како што се доделување на 5.000 денари за секое новороденче, како и против шемите за стипендии за најдобрите ученици и спортисти.

„Нивното образложение беше дека немало рамномерен развој, иако сите овие проекти се планирани во зони каде што живеат албански граѓани. Убеден сум дека никогаш не замислувале дека овие проекти ќе станат реалност“, изјави Костовски.

Костовски додава дека, според него, ирационалните одлуки се знак на политичка слабост, нагласувајќи дека граѓаните јасно гледаат што се случува и ќе ја дадат својата оценка.

„Со мене нема пазарења. Оваа лекција требаше одамна да ја научат. Пред нас е најуспешната година за Општина Бутел“, заклучува Костовски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од Филипче, никој од нив никогаш не се ставил над партијата – со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва!

Следно

Ракометниот дух на Битола слави 70 години постоење

Latest from Blog

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум

Николоски: Планираме девет нови воза и пет електрични локомотиви во следните две до три години

Преку ИПА 3 програма на ЕУ планираме да ја реконструираме, надградиме и електрифицираме пругата од Велес до Битола, истакна во емисијата “Само Интервју” на ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владaта и

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина

Костовски продолжува со трансформацијата на населбата Скопје Север, целосна реконструкција на улицата „Костурска“.

Општина Бутел започна со целосна реконструкција на двата паркинга во населбата Скопје Север. Проектот има за цел подобрување на условите за паркирање и уредување на јавните површини за жителите. Градоначалникот на Општина
Go toTop