Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси

December 26, 2025
1 min read

Четириесет нови камиони за „Комунална хигиена“ ќе бидат набавени до април, најавува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Дел од нив ќе бидат набавени преку јавна набавка за што се обезбедени средства во Буџетот на Град Скопје, а дел преку Светска банка.

– Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку „Комунална хигиена“ за што одвоивме средства во буџетот, а од друга страна Министерството за транспорт преку Светска банка). Ова е веќе вест за градот, ќе набавиме камиони кои ќе штедат на гориво, на сервиси, кои ќе ги задоволат целосно потребите на скопјани, изјави вечерва Ѓорѓиевски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Ѓоргиевски потсети дека во „Комунална хигиена“ имало само 16 функционални камиони и дека сега има околу 40 до 50 камиони но поради староста на возилата и честите дефекти се случува на дневна основа да се намалува бројката на функционални возила.

Според него, состојбата со ѓубрето во Скопје е далеку подобра од претходно, но сепак вели дека има мал процент на несовесно население поради кое страда целото население. Во изминатиот период, како што посочи, се изречени стотици предупредувања и казни.

До првата половина на следната година очекува да се нормализира состојбата и со јавниот превоз кога треба да стигнат новите автобуси. Признава дека се уште има пропусти на одредени места, но дека проблемите се надминуваат. Вели дека набавките за делови не биле платени и дека тоа било еден од предизвиците со кои се соочиле од самиот старт.

– Затоа имаше многу автобуси што беа нефункционални и многу камиони од „Комунална хигиена“ нефункционални, рече Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нападната Марија Шерифовиќ: Ме зграпчи за врат

Следно

Еве кои се најпребарувани личности на Гугл во 2025 година

Latest from Blog

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос
Go toTop