Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на Општина Бутел

December 26, 2025
1 min read

Советот на Општина Бутел денес го усвои најголемиот и најамбициозниот буџет што оваа општина некогаш го имала, во износ од 848 милиони денари, насочен директно кон развој и задоволување на реалните потреби на граѓаните. За ова преку статус на својата официјална страница информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој истакна дека станува збор за развоен буџет, во исклучива служба на граѓаните и реализацијата на нивните конкретни барања.

Според Костовски, 63 проценти од буџетот се наменети за капитални проекти, што претставува апсолутен рекорд за општината.

Сепак, Костовски изрази жалење што советниците од ДУИ, ВЛЕН и Левица не го поддржаа буџетот, гласајќи против клучни проекти како водоснабдувањето за Љубанци и Љуботен, изградбата на нова поликлиника, отворањето на нови улици во неколку населби и други развојни проекти, кои според него се од витално значење за граѓаните на Бутел. Тој нагласи дека повеќе од 20 години овие политички субјекти не покажале реален интерес за граѓаните на Општина Бутел.

Според Костовски, со овој буџет се предвидени средства за реализација на низа големи проекти, меѓу кои изградба на нова поликлиника, завршување на водоводната мрежа за Љубанци и Љуботен, изградба на градинка во Бутел 2, пливачки базен во ОУ „Ацо Шопов“, нови мостови над реката Серава, уредување на коритото на реката, реконструкција на главните и локалните улици, изградба на нова канализација, како и спортски центри, детски игралишта и пешачки патеки. Исто така, обезбедени се средства за финансиска помош за новороденчиња, пензионери, семејства во социјален ризик, спортски стипендии, поддршка на спортските клубови и организација на културни и спортски настани.

Градоначалникот на Бутел информираше и дека и оваа година не се предвидени средства за репрезентација, патни трошоци или непродуктивни расходи, потенцирајќи дека парите на граѓаните ќе се користат исклучиво за нивните потреби.

Според Костовски, 2026 година ќе биде година на интензивен развој, со значајни проекти во сите населени места, со што се реафирмира заложбата за модерен, стабилен и просперитетен Бутел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој е сега идиот?!

Следно

Магла на превоите Стража, Ѓавато и Плетвар, во Крушево и на патот Маврово-Маврови Анови

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop