Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево

December 26, 2025
1 min read

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се измерени и во Mаврови Анови и Крушево, -1 степен.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, 0 степени е утрово во Берово и Лазарополе, 1 во Крива Паланка, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и Скопје-Петровец, 4 во Струмица, Охрид и Демир Капија и 6 степени се измерени во Гевгелија.

Според прогнозата на УХМР, утрото денеска ќе биде облачно, во крајните југозападни делови од државата ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне  7 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Следно

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop