Изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски – портрети на денешницата

December 25, 2025
1 min read

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите на уметноста со својот уникатен и комплексен израз.

– Изложбата му е посветена на човекот, особено на оние маргинализирани во современиот глобален свет, кои страдаат поради неговите динамики. Секоја личност се изразува преку самоспознание, и ова е мојата порака до целото човештво – да се сетат на самите себе, вели Коруновски.

Поставката е составена од три дела. Првиот дел претставува монументална скулптура и патот до неа, создадени со цел да предизвикаат поинаква визура во галерискиот простор. Вториот дел се портрети на историски личности, обработени со специфична експресивна моделација. Третиот дел ги поврзува цртежите и сликарството, кои користат акција и реакција како метод за истражување на лицата како појдовна точка.

 

Коруновски објаснува дека инспирацијата доаѓа од денешницата и од потребата младите да се пронајдат себеси во свет преплавен со информации и технологија. – На младите им недостига ритуалот време и искуство, кое ние го стекнувавме бавно, но темелно. Секоја личност треба да се самоспознае, поради што ја посветив изложбата токму на тоа, истакнува уметникот.

Кураторот Горанчо Ѓоргиески додава дека поставката е замислена како надреален филм, кој започнува од средината и завршува со почетокот, прикажувајќи различни лица – од историски фигури до блиски луѓе на авторот – како сведоци на човечкото достоинство и отпорот кон хаосот и корупцијата во денешницата.

Скулптурите се изработени од полиестер и гума, додека сликарството користи комбинирана техника. Коруновски е дипломиран на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и има завршено постдипломски студии на тема „Патот на цртежот до современата фигурација“.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на февруари.

Извор: vecer.press

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Следно

Шиповиќ: Партијата ни ја украдоа – банда криминалци

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите
Go toTop