Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител

December 25, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек.

-Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со политичката волја на полтичките партии. Знаете дека треба да се изгласа со мнозинство и со голем Бадентер (20 пратеници од заедниците). Ја користам оваа можност преку вас медиумите да упатам апел до сите политички партии да го одблокираме овој процес, да најдеме решение, да седнат политичките актери да најдат решение. Пред се да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари, рече Гаши.

Доколку не се најде политичка волја да се избере народен правобранител, Гаши вели дека треба да се најде алтернатива за други решенија. – Но, мислам дека не се исцрпени сите политички капацитети да се најде компромис и затоа повикувам уште еднаш овие денови да се седне да се најде решение и мислам дека немаме толку големи разлики за да не можеме да одлучиме кој ќе биде народен правобранител, рече претседателот на Собранието.

Комисијата за избори и именувања го предложи Фатон Сељами за народен правобранител. Владејачкото мнозинство има доволно гласови да биде поддржан овој кандидат, но нема доволен број пратеници за гласањето по Бадентер. Мнозинството располага со најмногу 14 гласови по Бадентер, а недостасуваат гласови од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Зборувајќи за изборот на нови членови на Судскиот совет, Гаши рече дека тие ќе се бираат согласно новиот закон, што треба да биде донесен во вторник на 30 декември.

Во Собранието се уште не е формирана работна група за изборен закон и се уште нема јасен став дали ќе се работи на комплетно нов документ или дали ќе се земе предвид веќе готовиот драфт што го работеше работна група во Министерството за правда пред парламентарните избори. Гаши рече дека денеска ќе зборува со министерот за правда и оти работите ќе бидат појасни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Бикините на Дуа Липа

Следно

Коњановски: Битола ја јакне поддршката за „Специјална олимпијада“

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop