СДС „како змија нозе“ го избегнува одговорот на прашањето: Гради ли ЗОРАН ЗАЕВ облакодер во ДУБАИ?

December 25, 2025
1 min read

Нов, мизерен обид на СДС да ја скрие вистината за неимарските афинитети во Дубаи поврзани со криминал во Македонија на нивниот лидер во сенка Зоран Заев. Се уште во неверица и паника од јавното признание на другарчето на Заев, Томе Аврамски, дека Зоран со Филипче во пакет гради облакодер од 42 ката во Дубаи, партијата „како змија нозе“ ја крие вистината која ја обелодени Аврамски.

На едноставното прашање, поедноставно здравје, ДАЛИ ЗАЕВ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР ВО ДУБАИ, СДС крајно арогантно и патетично одговара дека ВМРО не можеле, или можеби не сакале да сфатат дека Зоран Заев не бил политички активен веќе пет (со букви), нагласуваат 5 години (со бројка поитенцира хејтерчињата од Бихаќка).

На страна што е жива лага целата конструкција, Заев никогаш не престана да ги раководи, прво преку ајванот Таче, сега преку октроираниот Филипче, нешто што го знаат и врапчињата во Македонија. Пилињата од Дубаи уште подобро…

Арно ама, влезени во лош филм, од СДС безобразно и уличарски враќаат:

„Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме.
Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на Македонија – Зоран Заев.“
Прво, тоа дека е слободен, не мора да значи дека така ќе биде уште долго. Второ, не бадијала се крие и гради во Дубаи. Трето, Аврамски кажа дека Филипче има стан таму и бил на градилиштето на 42-катницата со Зоче.
Но, еве, затоа што Заев демек не бил веќе ваш лидер, одговорете за сегашниот уште подемек Лидер Венко:
Дали Филипче има стан во Дубаи, колку чини истиот и зошто го нема во неговиот имотен лист. Од каде му воопшто пари за златна виза за која треба да депонира 550.000 долари во Дубаи?
Според пазарот на недвижности во Дубаи, цените на „станче“ почнуваат од 200.000 евра па нагоре. Венко, гарант не го купил најмалото. особено не ако е во друштво со градежнички тајкун како вистинскиот лидер Заев, вели логиката.
Во едно се во право од СДС, последната реченица од нивното луцидно и манипулаторско соопштение во кое очајнички го бранат лидерот од сенка е „гола“ вистина:
„ Вам останува само да одговарате – и тоа пред судот и пред народот!“  Така велат самите, вајстина…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Винисиус не ја заслужува бараната плата според она што го покажува на терен“!

Следно

Божиќен куглоф

Latest from Blog

СДСМ од “ајро ајро“ и 7 години неуспешни обиди за почист воздух, денес организира протест пред Цементарница Усје

СДСМ и тогашниот премиер Заев кој на митинзи ветуваа “ајро ајро“, денес се сведоа на протест пред Цементарница Усје. На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред

Божиновска: Воведуваме криза за да спречиме поголеми последици во снабдувањето со струја

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека воведената кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија е резултат на ненадејните околности и има превентивен карактер, нагласувајќи дека АД ЕСМ

Прогласен е банкрот: Уште еден познат клуб од Италија веќе не постои!

ФОТО: Rimini Football Club/FB Познат италијански клуб веќе не постои, официјално е прогласен банкрот. Станува збор за Римини, клуб за кого некогаш настапуваше и Словенецот Самир Хандановиќ. Сега за Божиќ сите добиваат
Go toTop