,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

December 24, 2025
2 mins read

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов побара оставка од Венко Филипче, хируршки прецизно отсликува што се случва во партијата. Шилегов и самиот беше жртва на ветувањето на Заев дека ако го изгуби Скопје ќе си даде оставка. Така и бидна, тој ја загуби битката за Скопје, а Заев побегна од разнишаниот партиски трон, откако ја обезличи Македонија, но во исто време ги инсталира своите корупциски пипци преку следните лидери на партијата, се до бизнис коруптивниот ортак Филипче.

Залудни се обидите на Филипче да го оцрни Шилегов како слаба карика избрана да внесе немир во партијата, со приватни проблеми, задолженост кон одредени лица и уцени. И да е вистина, оставките од Сашко Митовски еден од ретките победници на локалните избори, градоначалник на Крива Паланка и Методија Куновски, кој храбро го подметна грбот во однапред загубената битка за Битола, зборуваат дека во партијата врие по последниот личен избор на Филипче на новото раководство.

А, тој избор има своја генеза. Бегајќи од личната одговорност, Филипе по разрешувањето на претходното раководство, како никогаш досега сам речиси секојдневно се појавуваше на прес конференции, барајќи скандали и корупција кај власта. Всушност сакаше да му каже на претходното раководство и на членството дека нив не ги бива и дека неговата стратегија е таа што треба да се спроведува, и дека само тие се виновни за катастрофалниот изборен пораз.
Но, дојде моментот на соочување со вистината! Никој не сака да биде во раководство на партија, која урива рекорди на негативен рејтинг и чиј расплет води кон само еден исход – заминување на капетанот заедно со бродот кој тоне.

Па така, новото раководство преку ноќ стана комбинација од стари и нови кадри кои биле прогресивниот дел од партијата, кој ќе ја врател на врвот на политичката сцена. Барем така тврди Филипче. Но, вистината е сосема поинаква. Млади кадри со прогресивни идеи може да привлече само партија која е во зенит на својата популарност. Како тогаш да постапи партија која е зарзена со ,,синдромот ПАСОК‘‘, кој речиси ја избриша од партиската сцена социјалистичка перјаница во Грција, тешко болна од корупција.

На таква партија, која гребе по дното од коруптивниот талог и се потребни само стари докажани кадри, со реноме и кредибилитет во кои и членството и симпатизерите имаат доверба и кои можат да ја реанимираат партијата падната во кома. А, такви кадри Филипче не најде. Ниту сакаат, ниту размислуваат да му се придружат во евтаназијата на партијата. Сите го избегнуваат и него и сатрапот Заев од кого почна се‘.

И што му остана на Филипче од најавата за ново прогресивно раководство. Неколку излитени стари кадри, кои од клиентелистички и лукративни причини го прифатија неговиот повик. Екс министерката за труд и социјала, омрзена меѓу пензионерите стана потпретседателка, заедно до ,,лузерот‘ од локалните избори во општина Аеродром, Александар Трајановски. Партиските секетари останаа исти. Поранешниот директор на затворот Идризово Филип Андов Сокол, кој најверојатно ќе заврши во Идризово влезе во Извршниот одбор, исто како и поранешниот претседател на општинската организација Битола, близок до Васко Ковачевски и екс директор на битолскиот затвор Драган Крајовски. Ако на тоа се додадат и ,,рециклираните ‘‘ Александар Наумоски и Андреј Жерновски јасно е дека Извршниот одбор може да се преименува во Одбор на Филипче.
Но, што е со младите кадри? Како ќе ја привлече социјалдемократската младина, уште повеќе неопределената, корисникот на кокаин Јон Фрчковски, син на интелектуалецот со ,,вербална дијареа‘‘. Чест на исклучоците, нему друштво во Извршниот одбор ќе му прави по некој млад егзибиционист кој барајќи возбуда по секоја цена ја нашол таму, па нека се работи и за мртва партија.
Прескокнувајќи ги другите кадри кои не се разликуваат многу доаѓаме до уште еден рециклиран кадар, кој треба да биде ,,главен мозок‘‘ на партијата – Ана Чупеска, со новоизмислена функција Претседател на советодавниот Совет на СДСМ. Судејќи по нејзините досегашни гафови, нема да им е досадно и нема да им недостасуваат предлози за враќање на партијата во врвот, па ако треба ќе и помогне и неостварената љубов со Илон Маск !

ПС
Болно, но вистинито. Со изборот на Венко, нема шерпас што ќе го однесе СДСМ на Филипче и Заев на врвот од партиската сцена во земјава. Им следи ,,смрзнување‘‘ или што би рекол Шилегов самоубиство со умисла!

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Следно

Утре се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop