Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

December 24, 2025
1 min read

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција на мостот во општина Карпош. Со ова се прави значаен чекор кон решавање на еден од долгогодишните инфраструктурни предизвици и воспоставување клучна сообраќајна врска од интерес за целото Скопје, информираа од Град Скопје.

Во прлилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Конечно, по долг период на застој, продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“, со што ќе се пушти во употреба мостот во Карпош

Довербата што ја добив од граѓаните е обврска да се решаваат проблемите кои со години беа наталожени.

Денес, со задоволство можам да информирам дека продолжува реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на граѓаните.

Проектот беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“, согласно законската регулатива.
Со сериозна работа, силна волја и одговорен пристап, потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности ќе продолжат со засилен интензитет по завршувањето на конзерваторските зафати.

Со комплетирањето на делот од мостот до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје.

Тоа ќе значи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, значително растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, како и побрз и побезбеден излез кон обиколницата.

Со проектот се предвидува отворање на нова современа сообраќајна оска, како и функционално и безбедно решение за влезот во селото преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно потребите на сообраќајот.

Нашата цел е намалување на сообраќајниот метеж, целосна заштита на културното наследство кај локалитетот Скупи и обезбедување безбеден и ефикасен проток за возила и пешаци.

Унапредувањето на патната и сообраќајната инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети, затоа што директно значи подобар квалитет на живот за сите.

Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Следно

Клубот на Елмас може да се соочи со голем проблем!

Latest from Blog

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук

Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку
Go toTop