ВМРО-ДПМНЕ: Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС

December 24, 2025
1 min read

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува, се наведува во соопштението.

„Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Следно

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото

Јамал брутално му одговори на Лемина, но ја исполни и желбата на неговите деца (Фото)

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.
Go toTop