Данската државна пошта згаснува – луѓето сè помалку испраќаат писма

December 24, 2025
1 min read

 Компанијата се одлучи на овој чекор поради замирањето на писмата – последниве 25 години, бројот на рачно напишани пораки испратени преку поштенските услуги е намален за повеќе од 90 отсто, се наведува.

Според историските податоци, како што објавуваат данските медиуми, првите писма во ова подрачје биле испратени со поштенски вагони уште во 1624 година. Точно 400 години подоцна, поштата изумира, бидејќи следните десетина дена, повеќе од 1.500 поштенски сандачиња на јавни места низ цела Данска – ќе бидат отстранети, но тоа во блиска иднина ќе значи и околу 1.500 луѓе кои ќе го изгубат работното место во државната поштата на земјата.

– Ние сме данска пошта 400 години, па ова е тешка одлука, но Данска е сè повеќе дигитална, што значи дека сега речиси и да нема писма испратени по пошта. Со оглед на падот на побарувачката, пазарот на писма повеќе не е профитабилен, објасни Ким Петерсен, заменик-извршен директор на „Постнорд“ за Данска.

„Постнорд“ како компанија е создадена 2009 година со спојување на шведската и данската пошта. Инаку, поштенските услуги во Шведска ќе продолжат, се вели во соопштението на властите.

Малкумината Данци што сè уште милуваат да испраќаат писма, тоа ќе можат да го чинат преку компанијата „Дао“, којашто го презема овој вид достава од 1 јануари. Данските прописи наложуваат организирање на доставата на писма, што значи дека ако и „Дао“ одлучи да престане со работа, Владата би била обврзана да назначи друга компанија да ја врши оваа дејност. Инаку, Законот за дигитален идентитет се користи за сè – од интернет-банкарство до лекарски прегледи, па повеќето официјални комуникации се одвиваат преку дигитална – наместо обична пошта. Само пет отсто од Данците одлучиле да се откажат од дигиталната пошта.

Според неодамнешно истражување на јавното мислење, бројот на млади Данци кои го чуваат стариот обичај на пишување писма се зголемува, а оние на возраст меѓу 18 и 34 години пишуваат писма два до три пати почесто од другите возрасни групи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атлетико Мадрид подготвува нов договор за Диего Симеоне

Следно

Фото: Софија Вергара во врска со 14 години помладо момче

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop