Во духот на новогодишните и божиќните празници, просториите на Општина Пробиштип денеска беа исполнети со детска радост и празнична атмосфера благодарение на посетата на дел од дечињата од детската градинка, објект „Срничка“.

Со искрени насмевки, ведрина и празнична магија, најмладите внесоа топлина во општинската зграда, создавајќи пријатна и емотивна атмосфера за сите присутни.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека децата се срцето и иднината на секоја заедница и дека нивната безгрижна радост е најубав потсетник за вистинските вредности во општеството.
Тоневски им упати искрени честитки за претстојните празници, посакувајќи им на дечињата среќна, здрава и успешна Нова година, исполнета со љубов и детска смеа. Тој упати и благодарност до вработените во градинката „Срничка“ за нивната грижа, посветеност и љубов кон најмладите.


