Во пештерата Самотска Дупка на Галичица утврдена хибернациска колонија лилјаци од видот мал потковичар

December 23, 2025
1 min read

 За врема на посетата и извршениот мониторинг на биодиверзитетот утврдена е досега најголемата хибернациска колонија  лилјаци на видот мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) во Преспанскиот регион, со околу 90 единки. Во пештерата се изброени и повеќе единки од видовите голем потковичар (Rhinolophus ferrumequinum) и остроушест лилјак (Myotis blythii), информира Македонското еколошко друштво. 

– Во Европа постојат 55 видови на лилјаци, од кои 30 се присутни во Македонија. Овие мали, но важни животни се активни во топлите месеци, а по настапувањето на студеното време и намалувањето на достапноста на храна – тие се засолнуваат во зимските засолништа и паѓаат во хибернација, до првото пролетно затоплување, посочија од МЕД.

Лилјаците се една од најзагрозените групи на животни, а најголемите закани се предизвикани од човечките активности како што се сечењето на шумите, сушењето на водните површини, прекумерната употреба на пестициди, нарушување на нивните живеалишта и ловот. Меѓутоа, лилјаците воопшто не претставуваат опасност за луѓето, а напротив, играат важна улога како природни регулатори на инсектите. Без нив, популацијата на штетни инсекти може значително да се зголеми, што доведува до штети на земјоделските култури, шумите и дури можен пренос на несакани болести.

Минторингот на лилјаци во Преспа се спроведува како дел од „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Фондацијата Aage V. Jensen и EuroNatur. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конте: Не можевме да посакаме подобар подарок за Божиќ

Следно

ФБИ побара од Британија да го „присили“ принцот Андру да биде сослушан за неговата врска со сексуалните престапници

Latest from Blog

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип

Компанијата „Булмак 2016“, во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, го претставува проектот „Кошарка за секое дете“. Проектот им овозможува на момчиња и девојчиња од 8 до 14 години бесплатно

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во
Go toTop