Коњановски: Младите од Битола јасно порачаа – насилството нема место меѓу нас

December 20, 2025
1 min read

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.

Настанот беше организиран со цел промоција на ненасилна комуникација, почит, солидарност и позитивни вредности, при што учениците преку танц, емоција и креативен израз испратија јасна порака дека насилството не смее да биде прифатено.

 

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола со вкупно 49 ученици, кои преку кореографиите ја пренесоа својата визија за свет без насилство. Поддршката за реализација ја даде Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека ваквите иницијативи се исклучително важни за создавање безбедна и здрава средина за најмладите.

„Ова не е само танцов или музички натпревар, туку силна порака дека како заедница сме против насилството, особено меѓуврсничкото и дигиталното насилство кое нè загрижува сите. Радува фактот што училиштата ја прифатија оваа иницијатива и што младите покажаа дека имаат свест и храброст да зборуваат против булингот“, порача Коњановски.

Организаторката и иницијаторка на настанот, Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал“, нагласи дека „Танц против насилство“ е глас на младите кои преку уметноста повикуваат на почит, прифаќање и разбирање.

Во натпреварувачкиот дел учество зедоа ученици од ООУ „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата ја додели Гран при наградата на ООУ „Гоце Делчев“, признанието за најсилна порака против насилството на ООУ „Тодор Ангелевски“, а наградата за најкреативна кореографија ја добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдете го натрапникот

Следно

Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

Latest from Blog

Арапско Море: САД соборија ирански дрон

САД, според наводите на Пентагон, собориле ирански дрон во Арапското Море. Дронот се приближил до носачот на авиони УСС Абрахам Линколн на „агресивен“ начин, објави американската војска. Дронот од типот Шахед 139 продолжил да лета

Трамп сака да се затвори поглавјето Епштајн: „Америка мора да гледа напред“

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака дебатата околу скандалот со Џефри Епштајн да се затвори, по најновото објавување на досиејата поврзани со починатиот финансиски магнат и осуден сексуален

Во Абу Даби продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина

Првата рунда трилатерални разговори се одржа во средината на јануари, додека последователниот состанок закажан за минатата недела беше одложен. Се очекува украинската делегација во Обединетите Арапски Емирати повторно да биде предводена од

Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар,
Go toTop