Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината

December 17, 2025
1 min read

Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни.

Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и послушни деца. 

Години наназад родителите ја имаат истата дилема: дали да им ја кажат вистината или да го одржуваат митот сè додека децата самите не ја откријат. Од една страна децата се учат дека лажењето е погрешно, а од друга возрасните им ја раскажуваат оваа празнична лага“.

Психолошките истражувања покажуваат дека, научно гледано, станува збор за свесно доведување во заблуда. Сепак, голем дел од возрасните го доживуваат митот како безопасна традиција што ја збогатува празничната атмосфера.

Според направените студии на психолозите, повеќе од 75 проценти од децата, откако ќе ја дознаат вистината, не ја губат довербата во своите родители. Повеќето деца и самите почнуваат да се сомневаат во постоењето на Дедо Мраз околу седмата или осмата година.

Во едно истражување објавено во списанието Developmental Psychology биле опфатени деца и возрасни кои се сетиле дека биле разочарани откако откриле дека Дедо Мраз не постои, но дека тие емоции биле краткотрајни и без долгорочни последици. Податоците покажуваат дека 76 проценти од децата продолжиле целосно да им веруваат на родителите, 21 процент имале намалена доверба, додека кај два процента довербата дури и се зголемила.

Повеќето деца релативно рано почнуваат да поставуваат логични прашања: како е можно Дедо Мраз за една ноќ да посети милиони домови, како влегува без да го види никој? 

Сепак, експертите нагласуваат дека верувањето во измислени ликови може да има позитивен ефект. Социјалната психологија укажува дека ваквите приказни ја поттикнуваат имагинацијата, креативното размислување и емоционалниот развој.

Но и покрај научните дебати и дилемите, мнозинството родители сметаат дека уривањето на митот би ја нарушило празничната магија. 

Интересен е фактот што дури и оние кои се чувствувале измамени како деца, подоцна одлучуваат истата приказна да им ја раскажат и на своите деца. И покрај сè, Дедо Мраз, останува симбол на детската фантазија, надеж и празнична радост. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адвокатите задоволни: Судот наложи ПСЖ да му плати на Мбапе над 60 милиони евра!

Следно

Општина Битола: Панел дискусија за предизвиците и иднината на јавните претпријатија

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во
Go toTop