Македонско друштво “Илинден“-Тирана со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци

December 15, 2025
1 min read

Драги сограѓани Македонци во Република Албанија,

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви се обраќа со овој отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на нашиот идентитет, достоинство и права како автохтона македонска заедница во Албанија.

Врз основа на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ и Одлуката на Советот на министри „За утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, секој граѓанин има неотуѓиво право слободно да се самоидентификува, без притисок и без страв, како припадник на официјално признаено национално малцинство.

Овој процес претставува значаен чекор кон:

  • зачувување и зајакнување на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет;
  • унапредување на институционалната застапеност на македонската заедница;
  • креирање на поправедни државни политики, прилагодени на реалните потреби на националните малцинства;
  • гарантирање поддршка и одржлив развој на нашата заедница.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Република Албанија без двоумење да се самоизјаснат, со пополнување на соодветните формулари за самоидентификација и нивно доставување по пошта до Комисијата формирана при Министерството за внатрешни работи, согласно утврдените постапки.

Сакаме јасно да нагласиме дека:

  • процесот се темели на принципот на слободно самоидентификување;
  • личните податоци се заштитени во целосна согласност со законодавството за заштита на приватноста;
  • не постои никаков ризик ниту негативна последица за граѓаните кои ја изјавуваат својата национална припадност.

Самоизјаснувањето не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации.

Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на пофер, поинклузивно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Република Албанија се почитува, признава и поддржува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешка доби нова влада, Андреј Бабиш по вторпат премиер

Следно

Ливерпул во трка за играч на Борнмут за кого е заинтересиран и Сити

Latest from Blog

Нов скандал во Црна Гора: полицијата го бара синот на експретседателката на Врховниот суд под дрво и под камен – исчезна по пресудата

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ оцени дека станува збор за невиден скандал и за целосен колапс на системот, истакнувајќи дека држава што дозволува бегство на осуденик за организиран криминал го губи својот кредибилитет.

Уапсен член на партијата на Вучиќ при заплената на пет тони марихуана во Србија, тврди Алексиќ од НДС

Пратеникот и претседател на Националното движење на Србија (НДС) Мирослав Алексиќ објави дека еден од уапсените при денешната заплена на рекордна количина марихуана во селото Коњух кај Крушевац е Раде Спасојевиќ, член

Сабаленка негира дека била непристојна кон Свитолина, но камерите ја издадоа

Арина Сабаленка се пласира во финалето на Отвореното првенство на Австралија, совладувајќи ја убедливо Елина Свитолина со 6-2, 6-3, а на социјалните мрежи и понатаму се коментира репликата на Белорусинката по освојувањето

Минесота го совлада шампионот Оклахома, Јокиќ беше дел од играчите на загревањето кај Денвер

Кошаркарите на првакот и лидер на Западната конференција Оклахома сити на последните неколку натпревари играат во променлива форма и покажуваат слабости. Тоа го искористи Минесота за да стигне до победа од 123:111.

Вујовиќ ја предупреди Хрватска: Се плашам да не има некакви игри! Нe прават сите будали!

Денеска стартуваат битките за пласман во финалето на Европското првенство. Германија и Хрватска ќе ги одмерат силите во 17:45 часот, по што следува дуелот меѓу Данска и Исланд (20:30 часот). Изминатите денови
Go toTop