Трамп: Само сакаме да престане убивањето во Украина

December 8, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги коментираше преговорите меѓу Украина и Русија и улогата на САД во нив, по новите прашања за тоа дали Вашингтон ќе остане вклучен во обидите за постигнување мировен договор.


На прашањето дали неговата администрација ќе продолжи да се вклучува во овие разговори, Трамп рече:

„Само сакаме убивањето да престане… Имаме одлична ситуација таму, освен еден проблем. Многу луѓе умираат и сакам тоа да престане. Умираат украински војници и руски војници. Минатиот месец загинаа 27.000 војници Исто така, неколку луѓе од ракети што паѓаат во центарот на Киев или каде било, што е ужасно“, кажа тој.


Трамп зборуваше и за улогата на НАТО во снабдувањето на Украина со оружје.

„Како што знаете, сега му продаваме опрема на НАТО по полна цена, а НАТО ја зема таа опрема и веројатно ѝ ја дава на Украина. Претпоставувам дека можат да им ја дадат на други, но најчесто ѝ ја даваат на Украина. И тие соработуваат со Украина за дистрибуција на опрема, ракети итн.“


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова е најосамената земја во светот, нејзините соседи се оддалечени 1.600 км

Следно

Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!

Latest from Blog

Судијата ја блокира администрацијата на Трамп да распореди припадници на гардата во Лос Анџелес

Окружниот судија на Калифорнија, Чарлс Брејер, денес издаде прелиминарна забрана против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за распоредување на припадници на Калифорниската Национална гарда во Лос Анџелес и ѝ наложи на

Лицемерите од Левица гласаа против набавка на возила за собирање на смет, мерки за почист воздух и за плати во паркови и зеленило

Лицемерието на партијата Левица оди до таму, додека во јавност се борат само перцептивно за повисоки плати и собирање на смет, во Советот на градот Скопје не гласаа за набавка на нови
Go toTop