Арсенал се вклучува во трката за талентот на Јувентус, цената е над 100 милиони евра

December 8, 2025
1 min read

Англискиот гигант Арсенал е подготвен да му се придружи на Реал Мадрид во трката за потпишување на талентот на Јувентус, Кенан Јилдиз во јануарскиот преоден рок. Интересот на „топџиите“ е поттикнат од застојот во преговорите меѓу турскиот крилен напаѓач и италијанскиот клуб за нов, финансиски попрофитабилен договор, објавува Goal.com.

По брилијантната минатата сезона во која постигна 12 гола, Јилдиз се сметаше за клучна фигура за иднината на Јувентус. Иако добро ја започна новата сезона, со три асистенции и еден гол во првите три натпревари, неговата форма се влоши. Оваа сезона тој постигна пет гола и додаде исто толку асистенции во 18 настапи, додека Јувентус се бори на седмото место во Серија А.

Проблемите на теренот се совпаднаа со проблемите надвор од него – преговори за нов договор. Иако потпиша долгорочен договор до 2029 година во август 2024 година, интересот на европските гиганти го принуди клубот да отвори нови разговори. Јилдиз моментално заработува околу 1,5 милиони евра годишно.

Според „Калчомеркато“, тимот на Јилдиз сега бара плата помеѓу 5 и 6 милиони евра, што Јувентус го смета за прекумерно.

Додека преговорите се во тек, Арсенал покажа конкретен интерес за 20-годишникот и е подготвен да контактира со Јувентус уште следниот месец.

Покрај Арсенал, во трката се и нивните градски ривали Челзи. „Сините“ наводно понудиле 67 милиони евра минатиот јули, но Јувентус ја одбил понудата. Интересот на Челзи останува, а Реал Мадрид исто така внимателно ја следи ситуацијата. Шпанските медиуми објавуваат дека цената за Јилдиз, во случај на војна на понуди меѓу трите клуба, би можела да надмине 100 милиони евра.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија на Тенерифе: Големи бранови повлекоа посетители, три лица загинаа

Следно

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за
Go toTop