Селта приреди сензација: Реал доби жешка шлаканица на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

December 7, 2025
1 min read

Младиот 21-годишен шведски напаѓач Вилиот Сведберг уште долго време ќе го памети и прераскажува вечерашниот натпревар на „Бернабеу“ и неговите два гола со кои Селта направи првокласна сензација победувајќи го „кралскиот клуб“ на гостински терен со 0:2.

Вечерва, по повеќе од 10 години, Селта победи во Мадрид, за првпат од 2014 година. Реал ја пречека Селта со императив за победа откако Барса победи против Бетис еден ден претходно и отиде на +4. Се чинеше дека Килијан Мбапе и компанија рутински ќе однесат уште една победа, но имаа огромни проблеми, на крајот дури и беа убедливо поразени.

Во првите 45 минути, Арда Гулер ја имаше најдобрата шанса за Реал, но Селта имаше две одлични шанси во контранапад. Проблем плус за домашните беше Едер Милитао, кој доживеа сериозна повреда, поради која беше принуден да биде заменет од Антонио Ридигер.

Иако домашните напаѓаа, Селта дојде во водство со првиот гол на резервистот Сведберг во 53-тата минута (ВИДЕО). Чаби Алонсо ги фрли своите карти во нападот, испраќајќи го Родриго наместо дефанзивецот Асенсио, но многу планови беа нарушени од црвениот картон на Фран Гарсија во 64-тата минута. Дефанзивецот на домашниот тим заработи две јавни опомени за една минута и ги остави своите соиграчи на цедило.

Мбапе имаше одлична шанса на 20 минути пред крајот, кога го лобуваше голманот на Селта, но топката отиде малку над голот. Во судиското продолжение, целосен хаос, а кај Реал беше исклучен уште еден фудбалер, Карерас. Исклучен беше и тренерот Алонсо. Домаќинот жестоко протестираше, па сигурно ќе има многу поплаки по натпреварот.

Со двајца играчи повеќе Селта преку херојот Сведберг дојде и до 0:2 за голема победа (ВИДЕО).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен

Следно

Сидни Свини за почетоците во Холивуд: Ќе ви кажуваат повеќе „не“ отколку „да“

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop