БОГОТА (АА) – Шумските пожари претворија во пепел површина од 3.000 хектари западно од Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, пренесува Анадолу.
Според вестите што ги објавија аргентинските медиуми, продолжуваат активностите за гасење на шумските пожари што избувнаа во северниот дел на покраината Кориентес.
Бруно Ловинсон, заменик-директор на Цивилната одбрана на Аргентина и координатор на Командата за итни случаи (COE), истакна дека пожарот сè уште не може да се стави под контрола.
„Пожарот зафати многу широка површина“, рече тој, додавајќи дека без прекин продолжуваат работите за гасење на пожарот.
Во операцијата за гасење на пожарот учествуваат над 150 пожарникари, воени единици, два авиона на Националната служба за управување со пожарите и армиски хеликоптер.
Националната агенција за метеорологија информирајќи дека интензивниот топлотен бран ќе продолжи да го покажува својот ефект, упати предупредување за можноста од избивање на нови шумски пожари.
Извор: www.aa.com.tr