Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

December 5, 2025
1 min read

Турската агенција за развој
и промоција на туризмот соопшти дека денес се одбележува Светскиот ден на
турското кафе, кое од 2013 година се наоѓа на листата на нематеријално културно
наследство на УНЕСКО, а од оваа година е и првиот „традиционален назив на
производ“ од Турција што е официјално регистриран во Европската Унија (ЕУ).

Турското
кафе има историја подолга од 500 години, а во Отоманската империја пристигнало
преку Јемен во 16. век, се наведува во соопштението.

Забележувајќи
ја неговата сè поголема популарност, трговците почнале да ги пренесуваат зрната
кафе преку границите, па така турското кафе пристигнало и во Европа,
поставувајќи ги темелите на европската култура на кафе.

Послужувањето
турско кафе претставува безвременски гест на гостопримство и топлина, што
најдобро
го
опишува поговорката: „Шолја кафе обврзува на 40 години пријателство“, соопшти
агенцијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел за СП 2026 има подготвено необична тактика која изненади многумина

Следно

Весна Змијанац примена во Ургентен центар

Latest from Blog

Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и „Бритиш – aмерикан тобако“ во Украина

Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките на тутунските компании „Филип Морис“ во Харков, во североисточна Украина, и „Бритиш – aмерикан тобако“ во градот Прилуки, во Черниговската област, соопшти руското Министерство за

Сулејмани од утре ќе ги повика синдикалците да бараат решение за културните работници и уметниците

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинува Колективниот договор за култура во целина, како и членот 78љ од Законот за културата,

Кина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето

Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи
Go toTop