Тухел за СП 2026 има подготвено необична тактика која изненади многумина

December 5, 2025
1 min read

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, најави дека размислува за необична тактика за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

На денот кога се одржува ждрепката за најголемото планетарно натпреварување следната година, дојде неговата изјава што изненади многумина.

Имено, Тухел ја разгледува можноста резервните играчи да не бидат на клупата за време на натпреварите на Англија, туку да чекаат во соблекувалната и оттаму да ги следат настаните.

Причината е температурата на воздухот, која во некои градови за време на Светското првенство да достигне над 40 степени. Затоа Тухел верува дека на резервите би им било полесно да го гледаат натпреварот на телевизија од климатизирани простории, отколку да бидат на таква жештина.

„Ако ни помогне подоцна во натпреварот, кога ќе влезат во игра, мислиме дека е можност што можеме да ја искористиме. Никој не го сака тоа бидејќи сакам играчите да бидат тука и да ја почувствуваат енергијата и да ја пренесат енергијата од клупата на теренот, но знам каква е користа“, рече Тухел, додавајќи:

„Видов тимови и играчи како го прават тоа на Светското клупско првенство. Се надевам дека ќе можеме да го избегнеме тоа. Секогаш е подобро ако можат да бидат со нас.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Волонтерството во Битола доби заслужено признание на Меѓународниот ден на волонтерите

Следно

Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

Latest from Blog

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза, а од Министерството за здравство во најскоро време очекуваат овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. -Се финализира и реновирањето на хируршкиот

Весна Змијанац примена во Ургентен центар

Пејачката најпрво се јавила во приватна здравствена установа поради општа слабост, малаксаност и поради тоа што целата лева страна од телото ѝ била вкочанета, пренесуваат локалните медиуми. Како што пишуваат медиумите, Весна

Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

Турската агенција за развој и промоција на туризмот соопшти дека денес се одбележува Светскиот ден на турското кафе, кое од 2013 година се наоѓа на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО,

Волонтерството во Битола доби заслужено признание на Меѓународниот ден на волонтерите

5-ти декември е Меѓународниот ден на волонтерите и на овој ден секоја година се доделуваат наградите за најдобри волонтери кои со своите активности и ангажмани го поттикнуваат и промовираат волонтерството во Битола.
Go toTop