Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија, имате раст од околу три отсто, а кај нас е еден процент

December 4, 2025
3 mins read

Инфлацијата на ниво на ЕУ е 2 до 3 отсто, а во Словачка изнесува околу 4 проценти. Нашите земји се мали и зависат од надворешните фактори. Словачка, конкретно, е многу зависна од Германија, Австрија и Франција, но Германија и Австрија моментно се во рецесија. Ние сме најголем производител на автомобили во Европа „пер капита“ и многу зависиме од тоа што се случува во Германија и во другите европски земји. Од Германија треба да ни стигнат нарачки кои во моментов не стигаат. Ние можеме да ви позавидиме зашто имате раст од околу три отсто, за разлика од Словачка каде е еден процент, рече денеска министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки по средбата со неговиот домаќин, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Каменицки на заедничката прес-конференција истакна дека во Европа конкуренцијата на испорачувачите на енергија е прилично ограничена. Би требало да се дозволи, како што напомена, да се купува енергија таму каде што е поветина, отколку да биде ограничена конкуренција како што е во моментот.

-Во 2020 – 2021 година имаше КОВИД-криза, настрадаа сите држави. Не само ние, туку и другите земји имаат огромни задолжувања. Втор пат сум министер за финансии. Првиот пат си заминав од функцијата со еден отсто дефицит, а кога се вратив лани затекнав дефицит повеќе од 6 проценти. Инаку, и Словачка им помага на граѓаните, ги стимулира во однос на некои од енергетските производи. Во однос на енергетиката, сметам дека во Европа конкуренцијата на испорачувачите на енергија не е на тој степен колку што би сакале ние, прилично е ограничена. Би требало да се дозволи да се купува енергија таму каде што е поветина, каде што повеќе ни одговара, отколку да биде ограничена конкуренција како што е во моментот. Словачка произведува многу струја, имаме атомски централи, сега планираме изградба на уште еден капацитет за атомска енергија. За да биде Европа конкурентна, треба цените на енергијата да бидат колку што е можно пониски, подвлече Каменицки.

Тој информира и дека во Словачка во однос на даночните затајувања и повратот на данокот се воведе електронски систем за обработка на даноците и електронско фактурирање за да се врши контрола од страна на Даночната управа. -Со ова сме дури и понапред во однос на ЕУ зашто ЕУ очекува сите овие процеси и е-фактурите да се воведат до 2030 година, истакна Каменицки.

Според Каменицки кој е во прва официјална посета на Македонија, Словачка е подготвена да и помогне на земјава, посебно во делот на евроинтеграцискиот процес, но сака и да црпи македонски искуства, оосбено во делот на издавањето фискални сметки.

-Она што сакаме да го постигнеме со Меморандумот за соработка меѓу седумте земји-членки на Европската Унија и Северна Македонија, постои во САД, но ние би сакале да се примени во Европа. Сметаме дека е битно, особено за бизнисите кои можат да ја искористат оваа прилика за да ги финансираат своите подвизи со поинакви обврзници. Ова го отвора пазарот на осумте земји потписнички на Меморандумот каде граѓаните и претприемачите и од Македонија ќе може да учествуваат заедно на пазарот на капитал. Ова е важно и зашто ЕУ веќе 10 години се обидува да воспостави ваква унија на пазари на капитал, но досега тоа не беш баш успешно. Овој проект што ние го направивме е всушност единствен во Европа во чии рамки граѓаните можат да учествуваат на пазарите на капитал, потенцира словачкиот министер.

Можностите за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа по склучувањето на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Северна Македонија, даночната евазија и македонскиот евроинтеграциски процес, беа само дел од темите на денешната средба со министерката Димитриеска-Кочоска и нејзиниот словачки колега Ладислав Каменицки кој е во прва официјална посета на земјава.

Како што оценија Димитриеска-Кочоска и Каменицки, посетата го потврдува силниот интерес за продлабочување на економските и политичките односи меѓу двете држави.

-За време на средбата разменивме мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценивме дека има широк потенцијал за понатамошно унапредување на соработката. Се осврнавме меѓу другото на можностите за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа по склучувањето на Меморандумот за соработка меѓу седум земји-членки на Европската Унија и Северна Македонија. Тоа е иницијатива од огромно значење, бидејќи овозможува интеграција на финансиските пазари, создавање подинамична економска средина и нови извори на капитал за приватниот сектор. Словачка е важен партнер во оваа иницијатива и ја поздравуваме нивната подготвеност за заеднички развој на системски реформи во овој сегмент. Македонија има јасна и амбициозна агенда за јакнење на јавните финансии, фискална дисциплина, подобрување на деловното окружување и спроведување проекти што директно придонесуваат за економски раст, што е и дел од препораките во последниот Извештај на Европската комисија како и oд економските и институционалните реформи кои произлегуваат од Реформската агенда, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа изрази благодарност за поддршката што Словачка ја дава во делот на јавните финансии, борбата против даночното затајување и трансферот на know-how, што е, рече, многу значајно за исполнување на критериумите за членство во ЕУ.

-Македонија и Словачка се пријателски земји кои споделуваат заедничка визија – силен и стабилен регион, интегриран во Европската Унија, со отворени пазари, развиени институции и стабилни економии. Оваа посета е потврда за континуитетот на нашата меѓусебна соработка и сигурен чекор напред за продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Убеденa сум дека и во наредниот период ќе продолжиме да работиме заедно на реализација на реформите, зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за граѓаните и бизнисите на двете земји. Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега. Оваа посета ја потврдува долгогодишната поддршка на Словачка за евро-атлантските интеграции на нашата земја, нагласи министерката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Академијата му забранила пристап на холивудскиот актер цели 20 години

Следно

Влаховиќ оди на операција, во „аут“ минимум до март

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП. Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото

Јамал брутално му одговори на Лемина, но ја исполни и желбата на неговите деца (Фото)

Ламин Јамал му одговори на Марио Лемина по нивниот вербален дуел на натпреварот меѓу Галатасарај и Барселона во Лигата на шампионите, но фудбалерот на турскиот тим подоцна ги смири страстите со порака

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.
Go toTop