Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во рамките на ТИРЗ

December 4, 2025
1 min read

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, германска водечка технолошка компанија која веќе 175 години се залага за иновации, квалитет и сигурност во машинското инженерство ширум светот. Средбата опфати презентирање на можностите и поволностите кои ги нуди Македонија преку зоните, при што беа разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијални локации за отворање на нов производствен погон од страна на германската компанија.

Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ активно соработува со сите засегнати страни со цел континуирано подобрување на условите во зоните, а беше нагласена стратешката локација, како и даночните поволности кои се достапни за инвеститорите. Тој додаде дека интересот на ваква реномирана компанија претставува силна потврда за атрактивноста на Македонија и ТИРЗ како локација за странски директни инвестиции. Како што рече Димовски, вложувањето во напредни технологии и висока додадена вредност е приоритет, а соработката со компании кои имаат долга традиција и глобално присуство ќе донесе значајни придобивки за целата економија.

Од страна на Лаубенштајн, беше изразен особен интерес за инвестирање во рамки на зоните, при што акцентот беше ставен на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијална локација. Toj нагласи дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и јасната и транспарентна поддршка од институциите се клучни фактори во нивните анализи за избор на нова локација.

Со јасен фокус на раст, како снабдувач на целосни решенија компанијата го поттикнува понатамошниот развој во основните области на пакување и дигитално печатење, софтверски решенија и бизнисот со животниот циклус со услуги и потрошен материјал, така што клиентите можат да постигнат максимална продуктивност и ефикасност. Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со панел-дискусија

Следно

Денес се случува редок феномен: Еве како ќе влијае на вашиот хороскопски знак

Latest from Blog

Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и „Бритиш – aмерикан тобако“ во Украина

Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките на тутунските компании „Филип Морис“ во Харков, во североисточна Украина, и „Бритиш – aмерикан тобако“ во градот Прилуки, во Черниговската област, соопшти руското Министерство за

Сулејмани од утре ќе ги повика синдикалците да бараат решение за културните работници и уметниците

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинува Колективниот договор за култура во целина, како и членот 78љ од Законот за културата,

Кина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето

Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи
Go toTop