Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со панел-дискусија

December 4, 2025
1 min read

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ОУ „Кочо Рацин“ во Битола се одржа панел-дискусија насловена „Биди промена, биди поддршка – со перспектива, иновација и заедничка акција до успешна едукација и рехабилитација“.

Пораката до професионалците и семејствата беше јасна: инклузијата не е опција, туку заедничка обврска. Панелистите дискутираа за тоа како да се гледа личноста повеќе од дијагнозата, влијанието на родителската перспектива на рехабилитацијата, најкорисните иновативни практики и адаптирањето на домашни и меѓународни модели во услови на ограничени ресурси.

Директорката Драгана Кирковска се обрати со поздравен говор, а градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека одбележувањето на денот е потсетник и поттик за продолжување на конкретните чекори за развој на инклузивни политики на локално ниво.

„Општина Битола работи на развивање пристапна инфраструктура, подобрување на образовните услуги, поддршка на ресурсните центри и соработка со училиштата и граѓанските организации. Наш приоритет е секое дете и млад човек со попреченост да добие навремена, квалитетна и персонализирана поддршка. Инклузијата не е само политика – тоа е јадро на развојот на една современа и хумана заедница“, порача Коњановски.

Во рамки на дискусијата беше истакната важноста на заедничката акција и тимската работа меѓу психологот, дефектологот, родителот и училиштето, како и изградбата на култура на соработка, наместо индивидуални напори.

На панелот учествуваа дефектолози од редовните училишта, Центарот за поддршка, доктори од Здравствениот дом, професори од Славјанскиот Универзитет и Високата медицинска школа, претставници од Регионалното тело – МКФ, градинките од Битола, како и од Заводите за рехабилитација на слух, говор и глас и за ментално здравје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановски најави месечна финансиска поддршка за децата со посебни потреби во Кичево

Следно

Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во рамките на ТИРЗ

Latest from Blog

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на

Проданоски: Заедно со граѓаните ги утврдуваме приоритетите за Буџетот за 2027 година

Општина Прилеп започнува средби со граѓаните во рамките на консултациите за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски ги повика жителите активно да се вклучат со предлози и идеи
Go toTop